Херц ќе продава 20.000 електрични возила за да вози на бензин

Глобалната компанија за изнајмување возила се пожалила дека муштериите повеќе преферираат коли со мотор со внатрешно согорување, плус високиот трошок за замена на електричната флота, заради што распродава дел од електричните возила што ги имаше.

Се работи за 20.000 возила, една третина од целата електрична флота, чија продажба почна минатиот месец и се очекува да продолжи во текот на 2024.

Одлуката на Херц, Блумберг ја толкува како одраз на општо намалениот интерес за целосно електрични возила во САД, каде во текот на 2023 растот на продажбата остро се забави на само 1,3% во последниот квартал. Главна причина за ова е високата цена и високите каматни стапки.

„Зголемените цени поврзани со електричните возила продолжија. Обидите за нивно смирување се покажаа како поголем предизвик,“ изјавил ЦЕО-то на Херц, Стефан Шер.

Херц има спогодба со Генерал моторс за купување на 175 илјади моторни возила од кај нив, и дополнителни 65.000 од Полстар, што најверојатно ќе се одложи на одреден период.

Дел парите од продажбата на електричните возила Херц ќе ги вложува во возила на бензин, чија побарувачка се очекува да порасне во следниот период. Враќањето на традиционални возила покажува и дека не успеал планот на Херц за зголемување на цените врз основа на зголемениот интерес на јавноста кон електричните возила.

Промената се очекува да ја подобри финансиската слика на Херц, освен по основа на пари од продажба, и заради пониската амортизација на возила и оперативни трошоци.

На вкупната електрична флота на Херц отпаѓаат 11% од сите возила кои ги поседува компанијата.

18 јануари 2024 - 13:48