Тесла само што се олесни за 80 милијарди

Акциите на Тесла паднаа за над 12%, откако берзата беше предупредена дека растот на продажбата годинава може да биде значително послаб отколку во 2023 година. Годишната заработка на Тесла, објавена ден претходно, исто така беше под очекувањата на Волстрит. Овие две работи инстантно избришаа околу 80 милијарди долари од берзантската вредност на компанијата на Илон Маск.

Компанијата ги намалува цените на клучните пазари ширум светот, вклучувајќи ги Европа и Кина, бидејќи се соочува со тешка конкуренција од кинеските ривали како што е BYD, како и од традиционалните производители на автомобили. Побарувачката исто така е пригушена од постојано високите трошоци за задолжување бидејќи централните банки ширум светот ги одржуваат високите каматни стапки во обид да ја зауздаат инфлацијата.

Тесла објаснува рече дека намалувањето на цените, повисоките трошоци за истражување и развој и како и трошоците поврзани со зголемувањето на производството на новиот Сајбертрак ја намалија нејзината профитна маржа но тврди дека е „помеѓу два големи бранови на раст“ и планира да започне со производство на ново возило со пониска цена во втората половина на следната година.

Маск ги предупреди инвеститорите дека кинеските конкуренти „прилично ќе ги уништат повеќето други автомобилски компании во светот“ доколку не се воспостават трговски бариери. Ваквиот негов апел доаѓа откако BYD ја престигна Тесла како најпродаван светски производител на електрични автомобили во последните три месеци од 2023 година.

Додуша, со малку понеповолна структура на приходите и ќар:

Како и да е, пред само 12 години, во 2011-та, кога го прашаа дали BYD го смета за конкурент, Маск не можеше да престане да се смее.

26 јануари 2024 - 11:44