Балкан

Српскиот патријарх честиташе со Џони

Порфириј му го честиташе на новиот загрепски градоначалник Томислав Томашевиќ изборот на таа должност цитирајќи стихови од Бранимир Џони Штулиќ и Индекси. Амин.

Кансел културата стигна и во Босна

Станала Билјана Србљановиќ на крива нога и решила дека жртва на денот треба да биде покоен Химзо Половина а дека неговото кривично дело е замотано во севдалинка од којзнае кој век. Или пак, станала, се прашала што денес не чини на планетава и ѝ дошло: „Аха, Суљагина Фата!“ Оф мори мајко. Ајши, ајша, блесава жена та, Србљановић Биљана.

Индиските ковид бројки во хрватски контекст

Не разбирам зошто медиумите имаат потреба на секои неколку месеци катастрофично да драматизираат ситуации од некои делови на светот. Прво беа луѓе кои се струполуваат по улиците на Вухан, па снимки од ломбардиска црква со наредени ковчези, па дека „Сараево падна“...

Вие никогаш нема да бидете дел од ЕУ

Чедомир Јовановиќ открива дека уште на денес покоен Ѓинѓиќ, од највисоки можни европски инстанци му било предочено кои се посакуваните граници на ЕУ: оние на Австроунгарската монархија плус фронтот кон Русија. Со тоа што после Бугарија успеа да им се прошверца и затоа се денес вакви какви што се.  

Преку Дрина до вакцина

Барем 30 години, уште кога Црвена Ѕвезда ја играше легендарната сезона 1990/91 кога добутка до титулата првак на Европа, во Белград се немаат слеано толкав број луѓе од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како минатиот викенд. Овојпат причина не беше спортот туку борбата за здравје и гол живот.

Како Косово доби скап автопат кој не му треба?

Американска градежна фирма добива проект за изградба на автопат на Косово, иако ММФ и Светска банка велат дека таков автопат е економски неисплатлив. Погодете каде ја завршува кариерата тогашниот американски амабасадор во Косово кој отворено навива за автопатот?

Можеби ги запустивме нашите држави ама па ја изградивме Германија

Западен Балкан има инјектирано преку 200 милијарди евра во германската економија, преку образованието и оспособувањето на млади работници кои се преселиле таму меѓу 2009 и 2017 година. Така и ќе остане сè додека ЕУ не почне да го третира Балканот како партнер а не како магацин за резервни делови.

Грција притиска во ЕУ за побрзо воведување на пасоши за вакцинираност

Уште на овонеделниот самит Грција бара од Унијата да се забрза воведувањето на сертификати за вакцинирање кои ќе овозможат стартување на масовниот туризам.

Како Трамп го изгуби Балканот

Мала отрезнувачка анализа и пресек на состојбата, за сите оние кои се надеваат дека витезот Трамп ќе ја раштрафи длабоката држава и со тоа ќе донесе правда на Балканот, кој реално е еден од најинтересните полигони за опасни експерименти на американските Демократи. Додуша авторот е од вториве (човек на Клинтонови) и овде не сите го памтат по добро, меѓутоа, знаете ли дека Вашингтон го гоштеваше Каракачанов како да е најнормален?

Короната е најголем проблем за Хрватска - сметаат 9% од Хрватите

Иако и таму бројките и трендовите поврзани со пандемијата се лоши, наспроти комплетната доминантност на таа тема во медиумите, луѓето во Хрватска се свесни дека имаат и други проблеми.

Во Велес почна сезоната на американски претседателски избори

Овие што ги пазат американските избори дошле до податоци дека велешката штампарија за сајтови пак се залауфала и пак штанца сајтови и вести за Трамп и Републиканците.

Дали ЕУ навистина донесе пакет за пресврт на Западниот Балкан?

Ние ќе ви дадеме нешто пари за вие да си играте мини Шенген и малку да подзаборавите дека не ве примаме во друштво а сиромаштијата во регионот се остава во рацете на властите и ним блиските олигарси. Закони со европски знаменца тука не помагаат.   

Грчкиот суд ја прогласи Златна зора за криминална организација

Судот во Атина пресуди дека нео-нацистичката партија Златна зора е виновна за управување со криминална организација која систематаски таргетирала мигранти и левичари.

Балканот ќе остане со многу историја а со малку луѓе

Балканот подолго време се наоѓа во „квака 22“ ситуација: за да го стигне развиениот остаток од континентот, неопходни му се млади, талентирани и вредни луѓе. А од Балканот заминуваат млади, талентирани и вредни луѓе.

Словенка си ја отсекла дланката за 1 милион евра

Јулија Адлесиќ требаше да наплати осигурување од 1 милион евра откако (како што сега се разбра) си ја отсече дланката заради парите. Наместо тоа таа заврши со 2 години казна затвор.

Кинески воени дронови над Балканот

Кина ги испорача 6-те воени дронови што Србија минатата година ги нарача и плати како дел од својата одбранбена агенда. Со ова Србија стана првата држава на европско толо што распоредила кинески воени дронови. И ништо од ова не му е по мерак на НАТО.

Полиција упадна во канцелариите на бугарскиот претседател

Бугарската полиција придружувана со претставници од тамошното обвинителство и бирото за заштита на сведоци, утрово упадна и изврши претрес во канцелариите на тамошното претседателство.

Како од игра беа исфрлени Тачи и Гренел

Со еден удар се елиминирани и омразениот булдожер на Трамп, Ричард Гренел, и најскапата американска инвестиција на Балканот Хашим Тачи. Трамп ќе мора да излезе на изборите во ноември без ниту еден голем меѓународен успех, но, што ќе прави Европа со Косово кога главниот морков за охрабрување на Белград и Приштна е влегувањето во ЕУ, а за тоа денес никој сериозно не зборува во Брисел.

Охи јога!

Успевајќи комплетно да ги прескокне сите до еден проблеми што ги има и внатре и надвор (идентично како и МПЦ), Грчката православна црква директ удри по јогата и објави дека практикувањето јога е „некомпатибилно“ со христијанството.

Чесите ќе ја спасуваат хрватската туристичка сезона?

Чешките туристички асоцијации во обид да ги спасат летните аранжмани што ги имаат во Хрватска предложија создавање „корона коридор“ од Чешка до Јадранско море.

65% од грчките хотели пред банкрот

Она што требаше да биде почеток на туристичка сезона во Грција ќе биде почеток на бранот на банкроти, предупредуваат од грчката комора на хотелиери.

Русија казнета со 50 милијарди долари заради премногу руско однесување

15-годишна правна битка меѓу Русија и сопствениците на некогаш најголемата руска нафтена компанија Јукос, судот во Хаг ја одлучи во корист на овие вторите, на кои руската држава сега треба да им исплати отштета од 50 милијарди долари.

Постои ли шорткат за развој на западен Балкан?

Краткиот одговор  е - не постои. Постојат неколку патишта но ниту лидерствата се посветени да тргнат по некој од нив ниту на луѓето им е јасно дека тој пат треба да се изоди а не некој да те пренесе.

Каде сте Источноевропејчиња?

Додека лидерите на западниот дел од рајот на Земјата наречен ЕУ, кога ќе се сретнат со своите колеги од истокот на истоимената творба, сакаат да зборат само за кризата на демократијата и ерозијата на владеењето на правото, за хрватскиот премиер, кој од пред некоја недела го држи ротирачкото претседателство на ЕУ, иселувањето од Источна Европа е „егзистенцијален проблем“.