Во Хрватска е продадена првата дигитална свиња

Инвестираш во дигитална свиња и по 900 дена, твојата дигитална свиња се претвора во вистинска. Се работи за една нова иновативна платформа во Хрватска во која на луѓе им се овозможува да имаат својата фарма или градина со здрава храна, додека други ја вршат физичката работа за нив.

Со купување на првата дигитална свиња (pigNFT), стартуваше платформата GoAgro преку која секој ќе може да си „одгледа“ своја свиња без да замириса на свињарник. Во моментов се можни купувања со криптовалути, а за десетина дена во употреба ќе бидат и картички и плаќање со налог.

Зад иновативната дигитална платформа стои свињарската фарма Агропорц и ИТ компанијата Beyondi. Се надеваат дека со неа ќе ги поврзат земјоделците на кои им се потребни инвестиции и клиентите кои држат до квалитетна храна.

На оние кои ќе инвестираат во дигитална свиња, постојано ќе им бидат достапни информации за нејзиниот развој а преку камери ќе можат да следат како сточарите се грижат за нивната „вистинска“ свиња.

Тоа ќе бидат модерни фарми кои со својот дизајн ќе го спречат ширењето на болести кои се вообичаени кај свињите, нема да се користат ГМО компоненти во исхраната, ќе бидат организирани според принципот на нула отпад и со 90% помал јаглероден отпечаток од оној што е вообичаен за свињи.

Се планира да се издадат вкупно 240.000 свински NFT-а, кои се претвораат во вистински свињи по 900 дена.

Подоцна се планира и берза на која инвеститорите ќе можат да тргуваат со својот NFT, но и во Хрватска регулаторите се назад со материјалот и се неуки за NFT областа и блокчејн технологијата.

Дополнително, GoAgro му овозможува на клиентот да го знае целиот пат на храната што ќе заврши на неговата трпеза, што е особено важно за новите генерации кои водат сметка за одржливоста и здравата исхрана, иако не се подготвени да засукаат ракави и сами да одгледуваат таква храна.

Ваквите платформи им овозможуваат да имаат сопствена градина или фарма во која инвестираат, додека други ја вршат физичката работа за нив.

7 септември 2023 - 10:22