Жена е подобро од куче

Дарвин за и против бракот

Посветен на проучување на животинските видови, тој очигледно добро го познавал и човекот. И не му била туѓа една од вечните дилеми на ова суштество - да се жени, или не. Аргументите на Дарвин се малку чудни, но сосема разбирливи. 

„Денот над деновите", напишал 29-годишниот Дарвин во неговиот дневник на 11 ноември 1838, кога неговата братучетка Ема Веџвуд го прифатила неговиот предлог да се венчаат.

Но Дарвин не бил отсекогаш толку ентузијастичен за тоа да основа семејство. Само неколку месеци претходно тој на позадина на писмо од некој пријател составил список на „за" и „против" во однос на бракот. Во проценката на заедничката живеачка тој е прилично студен (од брачен другар кој е подобар од куче до деца за кои треба да се р’мба), а кога изгледа дека благо паничи тоа не е затоа што нема да може да има други жени или да пие по кафани туку - дали ќе има раат за научни патувања и пари за книги!

Списокот може да се најде во онлајн архивата Darwin Correspondence Project, како и во книгата „Преписките на Чарлс Даврин, том 2", издадена од Cambridge University Press. Датумот е 7. април 1838, а целото писмо ја отсликува безвременската тензија меѓу тоа да се скрасиш и онаа да си слободен, ама сам.

„Ако не се оженам - патувања. Европа? Америка?

Ако патувам ќе треба да биде геолошко патување во САД. Мексико зависи од здравјето и силата, и колку ќе се занимавам понатаму со зоологија.

Ако не патувам, ќе работам на трансмисија на видовите. Микроскопски, наједноставни видови живот. Геологија? Најстари формации? Некои експерименти - физиолошка опсервација на пониските видови животни.

Би живеел во Лондон во мала куќа близу Риџентс парк - ќе имам коњ - на лето тури за собирање примероци на линија на зоологија, со размислувања од областа на географијата и генералната геологија. Систематизација. Проучување на сродството.

Ако се оженам - тоа значи ограничена, целосна обврска да работам за пари. Лондонски живот, цело време само со луѓе, без село, без тури, без големи зоолошки збирки, без книги. Професорско место на Кембриџ, или геологија или зоологија - во согласност со горенаведените услови. Нема да можам добро да систематизирам зоолошки. Но подобро од тоа да замрзнам некаде на село, ама каде? Дури и подобро од куќа близу Лондон - не можам да земам куќа на село и да не правам ништо. Дали можам да живеам во Лондон како затвореник? Ако бев средно богат, би живеел во Лондон, со голема убава куќа, но како можам тоа да го правам со деца и сиромашен? Не - тогаш ќе живееме во куќа близу Лондон; подобро, но голема пречка за науката и плус сиромаштија. Тогаш професорско место во Кембриџ, и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од тоа, ќе си ги вршам должностите и ќе работам во слободно време. Мојата судбина е или професор на Кембриџ или сиромашен човек.

Толку ќеф имам за директно набљудување, што не гледам како би можел тоа да го правам врзан за Лондон. На село, експерименти и набљудувања на пониски животни, повеќе простор.“

Очигледно опседнат со прашањево, неколку недели подоцна тој повторно се навраќа на него, во зипувана форма.

Aко се ожениш

Деца (ако даде Господ).
Постојан придружник (и пријател на стари години) заинтересиран за мене, објект на љубов и партнер за игра, секако подобро од куче.
Дом, некој да се грижи за куќата. Шарм на музика и женско оговарање. Овие работи се добри за здравјето, но одземаат куп време.

Ако не се ожениш

Слобода да одиш кадешто сакаш, да бираш дали сакаш да се дружиш или не.
Разговори со паметни мажи во клубови.
Не си приморан да посетуваш роднини и да се секираш за секакви глупости. На пример да имаш трошоци и грижи за децата, веројатно и караници. Губење време.
Не може да се чита навечер, дебелина и безработништво, страв и одговорност.
Помалку пари за книги, а ако има многу деца натеран си да работиш за нив (а лошо е за здравјето да работиш многу)

Шест месеци подоцна Дарвин и Ема се земале. Имале десет деца и останале заедно до смртта на Дарвин. Врската помеѓу неговото тврдење дека нема Господ и одлуката да се ожени до денес не е потврдена.

14 јули 2014 - 10:17