веб класици:

Британско писмо до Америка

Драги граѓани на Америка,
Со оглед на вашиот неуспех да одберете компетентен Претседател и на тој начин да управувате со себеси, со ова сакаме да ви известиме дека ја отповикуваме вашата независност. Веднаш.

Нејзиното Височество, Кралицата Елизабета Втора, ќе продолжи со нејзините монархиски должности над сите држави, Комонвелтот и останати територии (освен Канзас, кој баш и не и се допаѓа), од идниот понеделник.

Вашиот нов премиер, ќе назначи гувернер за Америка, без потреба за понатамошни избори. Конгресот и Сенатот веднаш ќе бидат распуштени. Следната година ќе биде поделена анкета меѓу граѓаните, за да се утврди дали тие воопшто го забележале тоа.

Како помош во транзицијата кон зависност кон британската круна, следниве правила треба да се воведат и веднаш да добијат важност:

1. Побарајте го зборот "отповикување" во речникот за англиски јазик на Оксфорд. Потоа побарајте го зборот "аluminium" и проверете како се изговара. Ќе бидете запрепастени колку погрешно сте го изговарале.

2. Буквата "U" ќе биде повторно воведена во зборови како "colour", "favour" и "neighbour.". Исто така ќе научите да го спелувате зборот "doughnut" без да прескокнувате пола од буквите, и суфиксот "ize" ќе биде заменет со суфиксот "ise".

3. Ќе научите дека суфиксот "burgh" се изговара "burra," може да одберете да го спелувате Pittsburgh како "Pittsberg," ако едноставно не можете да се справите со правилно изговарање.

4. Генерално, од вас ќе се очекува да го издигнете нивото на вашиот вокабулар на прифатливо ниво (сега побарајте го "вокабулар"). Користењето на истите 27 зборови, прошарани со звуци во стилот на "како," "значи," и "знаеш" е неприфатлива и недоволна форма на комуникација.

5. Нема такво нешто како "US English," за ова ќе го известиме Микрософт. Спелчекот на Микрософт ќе биде адаптиран да ја зема предвид повторно воведената буква "u" и елиминацијата на "-ize".

6. Повторно ќе ја научите вашата оригинална химна "God Save The Queen", меѓутоа само откако ќе ја исполните задачата број 1.

7. 4-ти јули повеќе нема да биде прославуван како празник. 2-ри ноември ќе биде новиот национален празник, меѓутоа ќе биде славен само во Англија. Ќе се вика "Сами си го баравте Ден".

8. Ќе научите да ги решавате личните проблеми без употреба на пиштоли, адвокати и психијатри. Самиот факт што ви требаат толку многу адвокати и психијатри покажува дека не сте доволно возрасни за да бидете независни. Оружјето ќе може да биде ракувано само од возрасни. Ако не сте доволно возрасни да ги разрешите овие проблеми без да тужите некого или да зборувате со психијатар, тогаш не сте доволно возрасни ниту да ракувате со оружје.

9. Заради тоа повеќе нема да ви биде дозволено да поседувате или носите ништо поопасно од нож за лупење зеленчук. Ќе биде потребна посебна дозвола ако сакате истиот да го носите во јавност.

10. Со ова се забрануваат сите американски автомобили. Тие се ѓубре и ова е за ваше добро. Кога ќе ви ги покажеме германските автомобили, ќе разберете што сакаме да кажеме.

11. Сите раскрсници ќе бидат заменети со кружен тек и под итно ќе почнете да возите од лева страна. Истовремено, веднаш ќе го воведете метричкиот систем, без помош на таблици за конверзија. Кружниот тек и метричкиот систем ќе ви помогнат да ја разберете британската смисла за хумор.

12. Поранешните Соединети американски држави ќе ги воведат британските цени за бензинот (кој вие го викате "gasoline"), кои изнесуваат 8 долари по галон. Навикнете се на тоа.

13. Ќе се научите да правите вистински чипс. Тоа што вие го викате "french fries" не е вистински чипс, како и она што инсистирате да го нарекувате чипс од компир. Вистинскиот чипс се сече на дебели парчиња, се пржи во животинска маст и на него не се прелива кечап.

14. Келнерите и келнерките ќе бидат обучени да се однесуваат поагресивно кон гостите.

15. Ладната безвкусна течност која инсистирате да ја викате пиво, всушност воопшто не е пиво. Отсега натаму, единствено за британските ќе можете да викате "пиво" a европските ќе бидат познати и прифатени како "светли пива". Американските брендови ќе бидат познати како "Речиси замрзната урина од бубачки," така што ќе бидат продавани без дополнителна опасност од забуна.

16. Од Холивуд ќе се бара повремено да ангажира англиски актери во улоги на позитивни ликови. Холивуд исто така ќе мора да ангажира англиски актери да глумат англиски ликови. Гледајќи ја Енди Мекдауел како се обидува да има англиски дијалог во "Четири венчавки и свадба" беше искуство кое е слично како некој да се обидува да ви го отстрани увото со ренде за сирење.

17. Ќе престанете да играте "Американски фудбал". Постои само еден вид на правилен фудбал, кој вие го викате "сокер". Оние од вас кои се доволно храбри со тек на време ќе добијат дозвола да играат рагби (кое има одредени сличности со "американски фудбал", меѓутоа без стопирање на играта за пауза на секои 20 секунди или носење на оклоп за целото тело).

18. Понатаму, ќе престанете да играте бејзбол. Не е разумно да организирате настан кој се вика "World Series" за спорт кој не се игра надвор од Америка. Бидејќи само 2,1% од вас се свесни дека постои свет надвор од вашите граници, вашата грешка е разбирлива и простена.

19. Мора да ни кажете кој го уби Кенеди. Тоа нè излудува.

20. Наскоро ќе пристигне службеник за собирање на приходи (така наречен даночен инспектор) од владата на нејзиното Височество, за да ја осигури наплатата на сите давачки, ретроактивно од 1776-та.

2 август 2014 - 11:00