„Алиса во земјата на чудата“ е првиот „инста“ роман објавен вчера, 22.8., на инстаграм профилот на Њујоршката јавна библиотека. Во следниве месеци се очекува објавување на уште две дела: „Жолтите тапети“, краток расказ од Шарлот Перкинс Гилман, и „Преобразба“ на Кафка, сите графички средени како што и доликува на нешто наменето за инстаграм.
За да видите како тоа изгледа ако веќе користите Инстаграм доволно е да почнете да ја следите библиотеката тука, како и хаштагот #InstaNovels. Целиот проект е во соработка со њујоршката рекламна агеција „Мајка“, а е наменет пред сè за помладата публика.
Нам буквите ни се преситни, но дизајнот преубав. И нормално, помисливме на нашите библиотеки и целиот технолошки потенцијал кои тие пропуштаат да го искористат.