Годинава за прв пат на полиците имаше најмалку две книги што ја обработуваат темата вештачка интелигенција. Едната е „The Master Algorithm: How the Quest for the Ultimate Learning Machine Will Remake Our World“ на Педро Доминго, а другата е „Augmented: Life in the Smart Lane“ на Брет Кинг.
Книгата на Доминго The Master Algorithm е објавена во 2015 и опишува како учењето на машините помага во реобликувањето на бизнисот, политиката, науката и војните. Втората книга „Augmented: Life in the Smart Lane“ го разгледува „аугументираното доба“ и објаснува како тоа ќе изврши промени во начинот на кој ние се однесуваме како луѓе. Плус дава објаснување како роботите ќе ги земат работните места на луѓето и дали вештачката интелигенција ќе ги покори инфериорните интелигенции.
Дополната на библиотеката на Џинпинг содејствува со амбициозноста што Кина во 2017 ја покажа околу вештачката интелигенција. Во јули беше објавена кинеската национална стратегија за вештачка интелигенција која предвидува земјата да биде лидер во ова поле до 2025, а до 2030 домашната индустрија за вештачка интелигенција да достигне вредност од 150 милијарди долари.
Во средата Ројтерс објави дека кинеската влада гради истражувачки центар за вештачка интелигенција, вреден 2 милијарди долари.
Меѓу другите откритија од годинешниот преглед на библиотеката е дека Џинпинг ги преместил Капитал и Комунистичкиот манифест, да му бидат поблиску на дофат, а колекцијата на западна литература била значително ја збогатена, меѓу другото и со Одисеја на Хомер и Старецот и морето на Хемингвеј.