Станишиќ, мало село на север на Војводина, веројатно би останало непознато дури и за Србите, а не па во поширокиот регион, да не се случија вчерашните протести (25.1) против затворањето на локалната билиотека.
Голем дел од вкупно 3000 жители колку што има селото излегле да демонстрираат, носејќи пароли како „Вратете ни ја библиотеката“ и „И ние селаните би сакале малку да читаме“
Utisak dana: U Stanišiću, malom mestu na severu Vojvodine , gradjani održali protest jer je zatvorena seoska biblioteka. Jedna od poruka protesta : “ i mi seljaci bismo malo da čitamo”...
— Igor Jurić (@lojzija) January 26, 2018
Ima nade. pic.twitter.com/LpyeUCJt4g
Што сакал да постигне оној кому му паднало на памет да ја затвора библиотеката не е познато, но веројатно планирал на тоа место да отвори обложувалница, кафана или нешто слично. Ако тоа сепак се случи, мештаниве можат да го запоседнат објектот со книга во рака, на пример со „Селото Степанчиково “ на Достоевски, која го жигосува сељачкиот, алчен менталитет на „скороевичите“.