За време на мечот Војводина - Црвена звезда од втората регионална лига во ватерполо, при резултат 7-7, по една судиска одлука, еден од гледачите го фрли во вода судијата Марко Матијевиќ од Загреб. Мечот беше прекинат и не се доигра а напаѓачот беше приведен од полиција.