Навивачката група Фирма од Нови Сад започна голема хуманитарна акција за собирање на средства за Стојан Коларов кој боледува од ретка болест која го сопира растењето и на кого му недостасувале финансии за операција во Париз. Тој е врзан за инвалидска количка веќе девет години, но и покрај неговата тешка состојба, Коларов не пропушта ниту еден натпревар на Војводина.
На претходните два натпревари на Војводина во Лига Европа, навивачите собрале околу 2.000, средства кои не биле доволни за операцијата.
Кога за акцијата дознал хрватскиот голман Матеј Делач кој од Челси е на позајмица во српскиот клуб и таму престојува само два месеци, по утринскиот тренинг влегол во клупските простории и едностано прашал: „Колку пари недостасуваат за Стојан? Јас ќе платам сè."
Хрватот издвоил 6.000 евра за операцијата на Стојан и веднаш стана херој во Србија, а тамошните медиуми го нарекоа „Хрватот со срце поголемо од Нови Сад".