Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.
Хрват стана херој во Србија. И тоа е можно. Хрватскиот голман Матеј Делач кој брани за Војводина, ја одушеви целата српска јавност откако донираше 6.000 евра за операцијата на еден навивач на неговиот клуб.