Офсајд лик: 7 години член на Челси, 0 минути на терен

Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.

Матеј Делач потпиша 5 годишен договор во Челси во 2010-та година, а една година претходно ја почна кариерата во Интер Запрешиќ. Се работи за хрватски голман кој се води како актуелен најстар член на Челси, а ако се прошета по улиците на Лондон тешко и дека некој ќе го препознае.
 
25 годишниот Матеј во последните 7 години успеа да оствари рекорден број на позајмици, вкупно 10, а фудбалскиот авантуристички пат го однесе во Холандија, Чешка, Португалија, Хрватска, Србија, Босна, Франција и Белгија.
 
И покрај тоа што ракавиците на Челси ги носел само на тренинг, тој не се буни, туку вели дека собрал многу искуство. Главен проблем тоа што не играл вели дека биле проблемите со работната дозвола.

„Наскоро ќе морам да го напуштам Челси. Многумина ме прашуваат дали жалам што дојдов толку млад, а не пробав прво да играм во некој помал клуб, но јас не чувствувам жалење. Кариерата секогаш може да биде подобра, имам 25 години и собрав многу искуство со разни тренери и играчи.

Проблемот не лежеше во моите квалитети, Челси веруваше во мене, ми го продолжи договорот неколку пати, но проблемот секогаш беше работната дозвола. Челси имаше планови за мојата кариера, но некои работи не можете да ги планирате однапред. Кога пристигнав тука на 18 години, ми изгледаше дека сум во филм, не можам да го опишам тоа чувство. Ќе се сеќавам на големината на Челси, тие ме научија на човечки и фудбалски манири“, објаснува голманот.
Матеј Делач ги мина сите младински селекции на Хрватска, а има и еден повик од селекторот Славен Билиќ на квалификациски меч за СП 2010 против Белорусија, ама како трет голман. Така што и за сениорската репрезентација на Хрватска има одиграно 0 минути.
 
Сите негови позајмици:

10 ноември 2017 - 15:39