Главниот судија на натпреварот помеѓу Партизан и Војводина, Данило Грујиќ е централна фигура во сите медиуми во Србија.
Војводина водеше со 0:1 на полувремето, но на стартот на вториот дел Партизан израмни на 1:1.
Во 62-та минута Грујиќ му покажа црвен картон на македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов, а само четири минути подоцна досуди контроверзен пенал за Партизан.
Две минути подоцна беше исклучен уште еден фудбалер на Војводина, по што Партизан го во финишот стигна до убедлива победа од 4:1.
Војводина долго ќе протестира за одлуките на судијата Грујиќ, а посебно откако медиумите открија дека тој е навивач на Партизан. Тоа може да се види и од неговиот профил на Фејсук каде тој е член на групата „ГРОБАРИ ЧОКОТ", односно навивачката група на Партизан од општината во Ниш каде што тој живее.