Огромни пространства од предградијата на кинеските градови моментално се резервирани како гробници на точаци кои некогаш припаѓале на некоја од многуте компании за изнајмување велосипеди.
Процената е дека до 2018, компаниите за изнајмување велосипеди имаа пуштено во оптек околу 10 милиони велосипеди, од кои само во Пекинг има над 2,3 милиони, што според нивни процени е 5 пати повеќе од побарувачката.
Има два начина како велосипедите завршуваат таму: или последниот корисник ги оставил на некое недолично место па блокирале влез или минување, или компанијата пропадната па целата флота велосипеди ја оставила на улица каде се затекнале.
И во двата случаи комунални работници придружувани од камионче, крстарат низ градот и го полнат камиончето.
Во зависност од градот, крајна дестинација е некој вечен паркинг, на кој не е баш најјасно кој што може да прави со велосипедите. Дали сопственикот има рок до кога може да го врати назад, дали може да се продаде на некого или да се донира, дали може да се распарчи и стопи.
Сите овие фактори за неколку години направија Кина да е преполна со недогледливи плацови со тазе и обраснати велосипеди.
Пред „гробиштата“ да видиме од каде доаѓаат овие велосипеди: