Имајќи ги предвид востановените навики и пракси во земјата, изнајмување велосипеди на Кинези звучи крајно разумно и профитабилно, твое е само да земеш доволно големи вреќи за да ги собираш парите. Излезе дека логиката не е баш така непробојна како што изгледа, посебно кога секој играч на пазарот ќе запне да игра на квантитет.