Минатата година споделувањето точаци беше еден најбрзо растечките бизниси во Кина, шанса што кинеските бизнисмени ја дочекаа со уште повеќе вложување во бизнисот и купување нови велосипеди.
Во еден момент понудата стана толку масовна што за неколку пати ја надмина моменталната побарувачка, а разликата во пресметките меѓу понудата и побарувачката на терен се претвори во директно блокирање на кинеските градови, од едноставна причина што тие ниту имаа инфраструктура, ниту регулатива за тоа како да се справат со напливот на милиони точаци за споделување.
Иако почетните точки на сервисот се коректно уредени, казната за навраќање на велосипедот е толку ниска (или па воопшто ја немаше) што луѓе почнаа да ги оставаат велосипедите буквално кај ќе стигнат, во паркови, на улица, пред трговски центри.
Не само што народ не ги краде така оставените точаци, туку добар дел од нив (станува збор за илјадници и илјадници) не се собрани ни од сервисите што ги изнајмуваат. Заради ова останува на градовите, како дел од јавната чистота да ги собираат расфрланите велосипеди и потоа да ги складираат некаде, што е изразито сериозен проблем кога треба да го направиш за илјадници велосипеди.
Дел од „гробиштата за велосипеди“ се пополнети и со залихите од компании од овој бизнис кои банкротираа.
За сега водечка компанија во бизнисот е Мобајк, која во 2017 собра инвестиции од околу 1 милијарда долари, а се проценува дека вреди 3 милијарди долари. Процените се дека основната логика околу бизнисот и понатаму важи и дека тој ќе се одржи, само компаниите ќе мора да најдат поодржлив начин на работа.
Плацови со запленети велосипеди:
И плацови со велосипеди кои чекаат да бидат пуштени во промет: