Холанѓаните веќе работат со Германија и Белгија на воведување „камионски вод“, во која возило управувано од човек предводи конвој автономни возила (по главни автопати). Планот опфаќа конвои од 100 камиони без возачи да можат навечер да возат по холандските автопатишта (Коридорот на лалињата), и со тоа да ја максимизираат употребата на рутите преку кои Холанѓаните ја транспортираат стоката низ својата земја.
Ваквите планови се надополнети и со намерата за издавање „возачка дозвола“ за автономните-возила, а се подготвува и закон што би ја опфатил темата.
Сред вака позитивна атмосфера, компанијата КПМГ објавува извештај кој ја нагласува најсериозната препрека во воведувањето на автономни возила во урбаните центри - велосипеди!
Системот составен од ласери, сензори и камери, кои автономните автомобили ги користат за следење на патот и детектирање на каква било препрека, има сериозен проблем со велосипедистите.
„Разноликоста на големината и агилноста на велосипедистите, нивните ненадејни промени на брзината и лабавото придржување до правилата на патот, претставуваат сериозен проблем за постојната технологија.
Овој предизвик е посебно голем во Холандија, каде 17 милиони лица поседуваат 22,5 милиони велосипеди.
Над една четвртина од сите патувања се прават со велосипед. Од сите патувања до 8 километри една третина се со велосипед,“ пишува Даниел Бофеј во Гардијан.
Заклучокот на извештајот е дека како резултат на сето ова „поразумно е транспортните форми да се држат одделно отколку автономните автомобили да се интегрираат“.