Аргументи за забранување машки велосипеди

Луѓе што се разбираат во велосипеди и во безбедност, познати како холандски експерти за безбедност во сообраќај, тврдат дека машките велосипеди се поопасни отколку женските заради што под итно мора да се укине попречната шипка меѓу седиштето и рачките.

Препораката на Холанѓаните доаѓа по една шведска студија на темава во која се тврди:

„Женските велосипеди се побезбедни затоа што велосипедистите имаат подобро држење додека ги возат и има помали шанси да стекнат сериозни повреди на глава ако се во сообраќајна несреќа.“

Втор проблем според Безбеден сообраќај Холандија (Veilig Verkeer Nederland - VNN) се татковците кои ги возат своите деца на точак, бидејќи или детето или велосипедот може да падне во моментот кога таткото се качува на точакот.

Проблематична демографија се и старите луѓе за кои и качувањето и симнувањето од велосипедот не е ни најмалку лесно, и статистички токму тоа е моментот кога се случуваат најголемиот дел од инцидентите.

"Тркачките велосипеди, каде што секој грам е важен, имаат попречна шипка затоа што триаголникот е најефикасната структурна форма, и нив ги имаат и жените тркачи. Меѓутоа во град, тежината не прави толку голема разлика. Се работи за дизајнерски и безбедносен проблем. Благодарејќи на програмите за споделување велосипеди мислам дека ниту еден велосипедист нема да биде посрамен од тоа што вози велосипед без попречна шипка," пишува Лојд Алтер во Трихагер.

 

26 септември 2017 - 14:33