Велосипедот е една од најчистите машини што некогаш е создадена. Како што има кажано Стив Џобс, човек на велосипед е „целосно над стандардите“ кога е во прашање ефикасно движење. Дури и најмалку вештите велосипедисти ги претвораат калориите во километри на натприроден начин кој се граничи со алхемија. Во меѓувреме, земи стави сендвич во резервоар на џип и да видиме до каде ќе стигнеш.
Последователно, велосипедот отсекогаш бил супериорен како еколошки начин на превоз. Дури и Волво на погон на масло за јадење излепено со налепници од Берни Сандерс не може да се справи со чистото самозадоволство на возење велосипед. Заради ова градовите, активистите, производителите, продавниците за велосипеди, и секој што има сопствен интерес од качување на повеќе задници на седиште од секогаш ја правеле „зеленоста“ на велосипед централен дел од своите обиди за промовирање на повеќе користење на велосипед.
Ваквото нагласување на велосипедизам и заштитата на животната средина никогаш не ми било прифатливо - не затоа што не се согласувам со тоа (а не се согласувам), туку затоа што толку упорното фокусирање на бенефитот кој најмалку го чувствуваме ми изгледа контрапродуктивно. Има многу други причини зошто да возиме велосипед: затоа што е забавен, здрав, евтин и практичен - и затоа што ги нервира луѓето што возат кола... Плус, ефектите од сите овие ставки се брзо видливи, и не треба да минеш многу време на седло за да сфатиш дека си во подобра форма, дека заштедуваш пари, и дека во своето патување до работа уживаш многу повеќе отколку кутриот идиот на бирото до тебе.
Истовремено, без разлика колку возењето велосипед е добро за околината, бенефитите од ова нема да бидат видени во скоро време, и останува тажниот факт дека планетава ќе биде идентично сјебана на крајот од твоето возење како што била и на почетокот. Затоа, ако твојата цел е да ги возбудиш луѓето околу велосипедизмот, многу поразумно е да се нагласат одличните бенефити што веднаш ќе ги имаат од возење велосипед. Да им кажеш да пробаат велосипедизам затоа што тоа е здраво за околината е подеднакво секси како и да им кажеш дека треба да јадат зеленчук.
Плус сега има и нов проблем, дека луѓето буквално попрво би јаделе зеленчук отколку да возат велосипед. Како што вниманието на јавноста полека се префрла од загадувањето од ауспусите на штетното влијание на околината што го има производството на месо и млеко, гореспоменатиот бифтек а не фосилните горива стануваат современата мета на зелената освестеност. Секако автомобилите и понатаму загадуваат, но кога станува збор за оставање на привид на општествена одговорност, типичниот добронамерен Американец има доволно бендвит за извршување на само еден гест за спас на планетата. А во соочувањето велосипед / зеленчук, зеленчукот секогаш ќе победи, затоа што откажувањето од месо ти дозволува да го задржиш својот енергетски неефикасен начин на живот и твоите два автомобила и твојот тревник кој срка вода, а се што ти треба за ова да го отпишеш од листата гревови е да нарачаш оброк без месо.
Па ако е точно дека исклучувањето месо од исхраната е најдоброто нешто што можеш да го направиш за околината и луѓето се одлучат за тоа наместо возење велосипед, тогаш што е проблемот? Па, се работи за квалитетот на живот. Гледаш, освен што испуштаат штетни издувни гасови кои на крај ќе нè убијат, автомобилите не убиваат и во моментот и тоа на секој час. (Далеку помалку луѓе умираат во стампеда на говеда, говедата сега убиваат околу 20 луѓе годишно.) Исто така, градењето на нашите градови за да бидат прилагодени за автомобилите е крајно неефикасно и штетно за општеството. Зависноста од автомобилите е замка кој доведува до ширење на сиромаштијата и поттикнува нееднаквост на приходите, ниска продуктивност и штети на здравјето. Просто кажано, возењето автомобил ги прави луѓето мизерни. Па ако сите до еден станеме вегетаријанци, па дури и ако Елон Маск создаде комплетно чист автомобил кој работи на погон на неговите ретвити на Твитер, и секој еден возач во САД го замени кој и да е автомобил што сега го има, ние пак на крај нема да бидеме во нешто подобра ситуација отколку сега.
Велосипедот од друга страна не загадува, не зафаќа многу простор, ти заштедува пари, и, кога се користи редовно, природно те приклонува кон правење други работи кои и онака би требал да ги правиш за околината. Не користиш пластични кеси од супермаркет кога имаш торби на велосипедот. Не јадеш брза храна, затоа што брзата храна те прави да се чувствуваш неубаво. Не гласаш за политичари со агенда која би ја разрушила планетава затоа што возење велосипед те прави поздрав и посреќен. Планетата изгледа многу поинаку од зад рачки на волан, отколку од зад шофершајбна.
Последниве години некои луѓе се обидоа да оспорат дека велосипедизмот е подобар за околината отколку возењето. Некои дури тврдеа дека тој е директно штетен. Јас велам: оставете ги. Свртете 5 минути низ паркинг гаража во шопинг мол и кажете ми дека автомобилите го прават светот да биде подобро место; или потроши малку време на возење велосипед и кажи ми дека велосипедот не го прави светот да е подобро место.
Промовирањето велосипедизам затоа што е добар за околината е како промовирање марихуана по основа дека е подобра од тутунот: секако, ти помага за терање агенда, ама не му прави разлика на крајниот корисник. Ако ништо друго, можеби треба да се приклучиме кон идејата дека велосипедизмот е штетен за околината и тоа да ни биде аргумент за продажба.
Кога ќе видиш тоа и помогна на авто-индустријата.