Таг: велосипедизам

Најбрзата жена со велосипед која го заобиколи светот за 108 дена

29.169 километри со велосипед за 108 дена, 12 часа и 12 минути. Прва точка Чикаго. Последна точка Чикаго. Ама преку четири континенти по жештини, студови, дождови...

Кога Кампањоло измисли „брзини“ за велосипед

Се до 1940-те натпреварувачите на Тур де Франс, и секој што има велосипед, има максимум две брзини (по една на двете страни од оската што врти) кои се менуваат така што застануваш, го вадиш тркалото, го вртиш на спротивната страна од тоа каде сега ти е закачен ланецот, го прицврстуваш тркалото и продолжуваш со возење. И тоа е сосема нормална пракса се додека Тулио Кампањоло не му го намонтира својот најнов изум на велосипедот на повеќекратниот шампион Џино Бартали.

Навивачка од глупост направи страшен хаос на Тур де Франс

Култната и најпозната велосипедска трка на светот, Тур де Франс за разлика од претходното издание, овојпат се вози со гледачи. На стартот се случи голема хаварија за која е крива една девојка.

Тргни се од патот бе коњу еден

На прва изгледа смешно, ама си улетан по удолница, а еден од нив ти пресече пат, нема баш да биде тоа среќен крај.

А сте виделе како планински велосипедист вежба во карантин?

Краљот врзал фрижидер на скиролот, легнал на фрижидерот со велосипед и веќе до тука е многу чудно ова. Имаме надреални 47 секунди со Фабио Вибмер од Австрија.

Можеби и подобро што одложија секакви велосипедски трки

Не само Вуелта, Тур де Франс и Џиро д'Италија. Одложени за подобри времиња, поради пандемијата од Ковид-19 се и помалите велосипедски трки. Ако бидат како оваа на видеово, можеби е и поарно.

За спонзорот Teka на легендарните дресови на Реал Мадрид

Логото на дресовите кои ги носеа Раул, Роберто Карлос, Гути, Фиго и другите легенди остана запаметено со успесите на „кралскиот клуб“.Во ситуација кога интернетот не беше доминантен, ретко кој знаеше нешто повеќе за Тeka, спонзорот на Реал Мадрид.

Ништо се постигнува со форсирање велосипедисти да носат кацига

Точно дека носењето кацига го прави возењето точак побезбедно, ама има многу ама околу темата, па целата работа не е ни приближно црно-бело. Во основа решението е со две точки: 1. велосипедисти треба да носат кацига; и 2. никој не треба да тера велосипедисти да носат кацига ако не им се сака.

Возење велосипеди затоа што се „зелени“, е погрешна поента

Треба да се престане велосипедите да се продаваат на екологија и здрава животна средина. Ги возиме затоа што се забавни, здрави, евтини и практични - и затоа што ги нервираат луѓето што возат кола.

За колку пари би возел точак до работа?

Неполн месец откако една новозеландска компанија им понуди на своите вработени да работат 4 дена неделно а да бидат платени за 5, друга реши да им плаќа бонуси на вработените што со велосипед ќе доаѓаат на работа.

Попот што „искина“ група велосипедисти

Не сме му биле на служба за да го провериме стварно дали е поп, ама он е на Пони со наметка и шешир, они се на брзинци во полна велосипедска опрема, и секоја чест на дечкото како се држи.

Најдобра финта за велосипедска трка

Во пресрет на најтешката етапа на 104. издание на Тур де Франс која што се вози денес и која е најава за финишот во Париз, го поздравуваме велосипедистот кој знае како да претекнува.

Зошто Тур де Франс остана без двете најголеми ѕвезди

Се извозеа само четири етапи од Тур де Франс, а организаторите веќе избркаа неколку топ-велосипедисти поради непочитување на правилата. Словакот Петер Саган е дисквалификуван поради тоа што со рамо го турна Кавендиш кој опасно падна на бетонот и тешко се повреди.

Тажната сторија за италијанскиот велосипедист и неговиот папагал

Италијанскиот велосипедист Микеле Скарпони кој е шампион на Џиро д’Италија во 2011-та, во саботата настрада трагично. Од него се простиле сите блиски пријатели, роднини и колеги, но и неговиот верен другар - папагалот Френки.

Дипломатот кој ја претставуваше Македонија на Светско во велосипедизам

Иако на две години со родителите се сели во САД, Скопјанецот Ѓорѓи Попстефанов не ја заборава татковината која што гордо ја претставуваше на два Мундијали и во која е повеќекратен државен првак.