Во Реал, Teka се појавила во 1992 година. До тој момент „кралевите“ немале долгорочен генерален спонзор на дресовите.
Производителот на бела техника Zanussi соработувал со клубот во 85-та но набрзо фирмата пропаднала и затворила пола од заводите.
Млечниот гигант Parmalat го спонзорирал Реал четири години, подоцна се преселил во Парма а компанијата банкротираше поради финансиски махинации и штета од 4 милијарди евра.
Парадоксално, уште еден краток спонзор на Реал, автомобилскиот дилер Otazsa пропаднал кога автопазарот почнал да се крева.
Во главниот град на Шпанија, Teka во 1992 година го најавила „раѓањето“ на „Галактикос“ и го избегнала дотогашното „проклетство“ со спонзори на дресовите на Реал Мадрид.
Во 90’ години овој логотип беше видлив во преносите и во по некоја слика од весниците, но и покрај тоа компанијата Teka максимално асоцираше на кралскиот клуб кој со епохалниот натпис освои дури 9 трофеи за 9 години вклучувајќи и два пехари во Лига на шампиони (прва после 30 години чекање).
НО Teka НЕ ПОЧНАЛА СО РЕАЛ
Оваа компанија се појавила првпат во Германија во 1924 година и работела во сферата на производство на санитарна техника во помалите места.
Почнале од селата, но за 95 години од провинциска фирма израснала во мега корпорација со годишен обрт од 1,1 милијарда евра! Teka произведува кујни и апарати за домаќинство (шпорети, машини за садови, мијалници, плотни, рерни).
Teka станала вечер маркетинг лидер во својата област. Компнијата ги победила сите конкуренти преку сериозна работа со реклами.
Во 2018 година вложиле во рекламен филм за чии потреби саундтрекот го напишал Оскаровецот Глен Хансард. А во минатиот век Teka ја почнала ерата на главен спонзор во шпанскиот фудбал.
Појавувањето на компанијата во спортот бил предвесник на комерцијалниот раст. Фирмата брзо растела во пост-воена Германија и во 1964 година отворила филијала во Шпанија и активно се борела за превласт на новиот пазар.
Teka почнала да се рекламира во шпанскиот ракомет, а во 1975 година купила цел клуб којшто го нарекла по своето име. Во 90’ години овој клуб станал еден од најсилните во Европа и за десет години освоил 15 трофеи.
Во 1976-та компанијата вложила и во велосипедизам. Teka Cycling бил сериозен тим во ’80-те кој неколку пати ја освоил Вуелта но во 1990 година свесно бил згаснат откако ја исполнил својата маркетинг мисија.
Teka ЈА ПРЕФРЛИЛА ИДЕЈАТА ЗА ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР ОД БУНДЕСЛИГА ВО ШПАНИЈА
Во 1971 година Ајнтрахт Брауншвајг ја прекинал доминацијата на Баерн Минхен, но тешко собирал буџет за сезоната.
Сиромаштијата во клубот испровоцирала снаодливост па Гинтер Маст дошол до идеја да им дадат 100.000 германски марки годишно, но за возврат да играат во дресови на кои ќе стои натписот на брендот.
Така на градите се појавил логотипот Jägermeister кој се смета за првиот титуларен спонзор во фудбалот.
Во ’80-те години генерални спонзори се појавиле во сите клубови од Бундеслигата, но Шпанците во тоа време уште играле со празен преден дел од дресот.
Затоа иноваторската идеја Teka решила да ја практикува и во Шпанија. Во 1981 година го штампале своето лого н а дресовите на Расинг Сантандер.
Одлуката и дозволата од шпанската фудбалска федерација ја чекале неколку месеци, па Расинг ја почнал сезоната со старата опрема без спонзор.
Дозволата ја добиле дури во декември 1981 кога Сантандер гостувал на „Сантијаго Бернабеу“, изгубил 4:0 и го промовирал новиот тренд во шпанскиот фудбал.
После 10 години името на компанијата Teka се појавило во Мадрид.
Во 1982 година во Реал дошол конкурентот на Тека - Zanussi. Од тој момент во следните десет години „Los blancos“ смениле четири спонзори а Teka станала првиот долгорочен партнер на клубот.
Во тоа време Teka благодарение на спонзорството на дресовите на Реал станала најпозната компанија во Шпанија.
Нејзиниот логотип се појавувал на најдобрите и најголемите стадиони по Европа.
Љубовта со Реал завршила откако компанијата се преобразила во светски бренд и седиштето и заводите ги префрлило во Азија и Америка.
Teka го спонзорирала Реал Мадрид од 1992 до 2001 година при што логотипот се појавувал и на дресовите на кошаркарската секција на „кралевите“.
Реал добивал по 450 милиони пезети годишно (околу 4-5 милиони долари во зависност од курсот). Во ’90-те со таков буџет можеле да се финансираат топ трансфери: Иван Заморано на пример го чинел клубот 6 милиони долари а тој им вратил со 101 гол за 4 години.
Teka се вратила во Реал во 2014 само поради Барселона
Во 21 век Teka го напуштила ракометот и се приврзала со фудбалот и кошарката. Велосипедската екипа се распаднала претходно. Компанијата во еден момент решила да спонзорира и јахти на регатата Barcelona World Race, како и автомобили на Rally Dakar 2013.
Во 2014 Барселона потпиша богат договор со Beko. Конкурентот Teka тогаш работел на турскиот пазар и планирал да ја поврати доминацијата на европскиот спортски пазар.
Германците не жалеле средства и се вратиле во главниот спорт - потпишале договор со кошаркарскиот клуб Реал - 7,5 милиони евра за три години.
Се покажало дека првата љубов нема заборав. Кошаркарите на Реал Мадрид во тој период освоија дури 8 трофеи.
По тој проект, шефот на шпанската експозитура Мигел Робледо рекол дека компанијата веќе нема да влегува во спортот: „Тека тргна по нова фаза на развој по која може да плови и без спонзорства на клубови. Ја достигнавме својата цел, пораснавме во светски бренд и ќе инвестираме во други проекти.“