Таг: ракомет

Пантерските одбрани на цар Никола

После 3 одиграни кола во квалификациската група 7 за Европско првенство 2022, Македонија има 3 победи и е прва во група со светскиот шампион Данска. Вечерва во Скопје Данците беа спружени на колена. Голем удел во триумфот имаше и неверојатниот Никола Митревски кој бранеше еуфорично.

Вардар поразен од Мешков, во 1/8 финале го чека моќниот Веспрем

Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.

Патешествието на Кубанците кои избегале од земјата и играат на Светско за Катар

Општо е познато за спортисти од С. Кореја и некои далечни африкански земји кои големите светски собири ги користат да му ја здувнат и веќе никогаш да не се вратат во родните краишта. Дома ги обвинуваат за дезертерство, а во странство се почитувани и славени. Таква е приказната со двајца Кубанци.

Ракометар заигра за фудбалската репрезентација на Фарски Острови

Навикнати сме да слушаме дека за репрезентацијата на Фарски Острови периодично играат рибари, монтери и санитарни техничари, но сега има уште поубава историја.

Бидна и тоа, натераа ракометари да играат со маски, играше и наш репрезентативец

И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.

Американци го исмеваа ракометот како глуп спорт, Дончиќ и Карабатиќ им одговорија

Во емисијата Highly Questionable која оди на ЕСПН, водителите и гостите се исмеваа со ракометот и викаа дека Леброн и уште двајца поранешни НФЛ играчи би се прошетале до златен медал во ракомет.

Вардар успешно тргна по светскиот трон во Саудиска Арабија

Европскиот шампион со убедлив триумф 34-27 го совлада домаќинот на Светското клупско натпрварување „Супер глоуб“, Ал Мадхар, и успешно тргна во поход кон вредниот пехар.

За спонзорот Teka на легендарните дресови на Реал Мадрид

Логото на дресовите кои ги носеа Раул, Роберто Карлос, Гути, Фиго и другите легенди остана запаметено со успесите на „кралскиот клуб“.Во ситуација кога интернетот не беше доминантен, ретко кој знаеше нешто повеќе за Тeka, спонзорот на Реал Мадрид.

Кире Лазаров: „Спортот ќе изгуби најмногу ако се отцепи Каталонија“

Во разговор за порталот „Независне“ од Бања Лука најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој наскоро ќе го даде и 1.200-от гол во елитното друштво дава интересни одговори.

Вардар во серија, убедливо совладан Загреб

Актуелниот европски шампион ја запиша и третата победа во Лигата на шампионите откако вечерва во Скопје рутински го добија Загреб со 28-21.

Самсоненко и Кокшаров ќе го спасуваат рускиот ракомет

Сопственикот на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко е поставен за генерален менаџер на руската машка ракометна репрезентација чијшто нов селектор ќе биде неговата десна рака од Вардар.

Како изгледал ракометот пред 55 години

Колку години биле потребни, еден од најинтересните спортови да се развие во она што е денес и какви биле почетоците на ракометот?

Најдобрите фотографии од Рио

Една Олимпијада - два света: огномет на Маракана и сиромашни фавели. Во Рио успешно завршија Олимписките Игри а прогласени се и најдобрите фотографии од натпреварувањата во различни спортови.

Нова врвна реклама, овој пат од Словенците

Ракометната репрезентација на Словенија го сними најдинамичниот спот за Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Под наслов „Pripravljeni na vse“ (Спремни за секој), избраниците на Веселин Вујовиќ демонстрираа на што се подготвени во Бразил.

Будуќност и натаму енигма за Вардарки

Залудно ракометарките на Вардар цела недела најавуваа борба до последен здив во Црна Гора, затоа што Будуќност им одржа час по ракомет 31-19.

За македонцките свињарии

Океј, помина ракометот (длабока воздишка) и откако некаде на почетокот на второто полувреме со Германците стана јасно дека овој пат нема да го освоиме светот  (бајкалски длабока воздишка и залутан поглед) абе душата ко на задна вуча низ снег да ми се влечкаше од мака, ама се посветив на разработка на планот како да си ја материјализираме Aлександровата оставштина од типот „нека ви се нозе стресат, дојдовме по нашето" на наредниот Мундијал, во било кој спорт. Но пред тоа да се договориме нешто...

Писмо на читатели од Севиља

Во пресрет на Светското ракометно првенство во Шпанија, навивачите кои ќе отпатуваат во Севиља да ја бодрат нашата репрезентација ќе можат да се информираат на веб порталот www.osvoijasevilja.com за разни информации поврзани со градот.

Местат и француските ракометни шампиони

Осуммина ракометари на францускиот клуб Монпеље се под истрага дека учествувале во местење на натпревар од националното првенство, а нивните блиски заработиле големи суми во кладилница.

Најдоброто од исландските ракометари

Не знам просто од каде да почнам со овој текст. На некои вести едноставно човек останува со подзината уста...