Најдобриот македонски ракометар на сите времиња повеќе од 120 дена го носи дресот на својот нов клуб, француски Нант во кој дојде од Барселона.
37-годишниот бомбардер од Свети Николе наскоро повторно ќе ја стави капитенската лента околу раката и ќе ја поведе Македонија во нови битки. Овојпат на Европското првенство 2018 во Хрватска за два месеци.
Кире на Пиринеите во Шпанија играше повеќе од седум години: ги бранеше боите на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона. Освои буквално се што може да се освои и летово се пресели во убавата Франција. За „Независне“ вели дека се адаптира на новата средина:
„На почетокот проблем ми претставуваше јазикот којшто е поинаков од сите со кои сум се среќавал, иако играв во доста држави. Французите се горд народ, си ја сакаат државата и сакаат да разговараат само на свој јазик. Јас го почитувам тоа, ќе се трудам да го научам, зошто ако можев да научам унгарски додека играв за Веспрем, можам и сега француски“, вели најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства.
Каков е стилот на игра во Франција?
Кире Лазаров: Ме изненади лигата. За разлика од останатите каде играв, овде повеќе се игра на сила и без размислување. Тактиката е во втор план.
Колку сте задоволни од досегашните резултати на Нант?
Кире Лазаров: Во Лига на шампиони играме сосемо коректно, четврти сме во групата А со многу квалитетни екипи и задоволен сум од учинокот. На домашен план досега го освоивме Супер Купот каде ги добивме Монпелје и Пари Сен Жермен. Во првенството заостануваме (петти на табелата), а причина за тоа е неискуството и силниот ритам на мечеви на домашна сцена. 95 одсто од нашите играчи првпат игра во Лига на шампиони. Имавме и доста проблеми со повреди. Првенството е чудно, никој никого не респектира и секој секого може да добие. Тоа се покажа и со неколку порази на ПСЖ.
Вардар во претходната сезона ја осви Лигата на шампионите. Што беше пресудно за тој успех?
Кире Лазаров: Секогаш велам дека предуслов да имате добри клубови е репрезентацијата да ви биде силна. Македонија веќе долги години игра на големит натпреварувања. Вардар оствари голем успех, имаа малку и среќа на крајот, но среќата ги следи храбрите. Тука е и голема работа и континуитет, три до четири години играа во сличен состав па не беа ниту близу Фајнал Форот на Лига на шампиони. Освен успесите на репрезентацијата голема заслуга за подемот на ракометот има и ривалството меѓу Вардар и Металург.
Репрезентацијата на Македонија ќе игра на Европското првенство во јануари во група со Германија, Црна Гора и Словенија. Кои се целите на вашиот тим?
Кире Лазаров: Рано е да се размислува за тоа, најважно е сит да бидеме здрави кога ќе почнат подготовките. Немаме многу екстра играчи, треба да го чекаме својот момент па да видиме дали може да оствариме успех. Очекувам многу наши навивачи да дојдат во Хрватска која е блиску и да направат што е можно подобра атмосфера.
Се слушате ли со поранешните соиграчи од Барселона и колку сте запознаети со ситуацијата во Каталонија?
Кире Лазаров: Во контакт сум со сите играчи, ситуацијата е чудна. Ако отцепувањето на Каталонија се случи, а верувам дека ќе се случи, веројатно еден од најголемите губитници ќе биде спортот.