Македонскиот репрезентативец Дарко Димитриевски кој игра за Синфин во Шпанија, во рамките од 7. коло загуби на гости кај познатиот Адемар Леон со 31-23.
Интересно, на овој како и на сите натпревари од шпанската ракометна лига, ракометарите мораа да носат маски и со нив да организираат напади, да трчаат контри и полуконтри, да го чуваат противничкиот играч итн.
Синфин, тимот на нашиот Димитриевски има 4 порази по ред односно шест во седум кола. Дарко постигна 1 гол од 2 обиди.
Главен играч на мечот беше доскорешниот голман на Вардар Калифа Гедбан кој одбрани 11 противнички удари, а први стрелци кај победникот беа Гонзало Перез Арсе и Ервин Хан Фојхтман. Во поразениот тим, Рамиро Мартинез 5 пати ја тресеше противничката мрежа.
Адемар Леон е еден од кандидатите за титулата. Во следната рунда игра против Морацо на домашен терен а Димитриевски и Сифин ќе одат кај Ваљадолид чиј тренер е некогашниот стратег на Вардар Давид Писонеро.
Во Германија, каде ракометот е можеби втор број два во земјата после фудбалот, уште во месец мај почнаа да експериментираат како би изгледал ракометот со маски.
Така ракометарите на Рајн-Некар Левен, популарните „лавови“ извесно време тренираа со пропишано растојание и со маски на лице.
Löwen-Training in Corona-Zeiten. Es fühlt sich seltsam an, aber gemeinsam machen wir das Beste aus der schwierigen Situation! #1eam1ziel #RNL #Handball #liquimolyhbl #Covid19
Posted by Rhein-Neckar Löwen on Thursday, 30 April 2020