Пантерските одбрани на цар Никола

После 3 одиграни кола во квалификациската група 7 за Европско првенство 2022, Македонија има 3 победи и е прва во група со светскиот шампион Данска. Вечерва во Скопје Данците беа спружени на колена. Голем удел во триумфот имаше и неверојатниот Никола Митревски кој бранеше еуфорично.