Уште од почеток ракометарите на Вардар им ставија до знаење на домаќините зошто се дојдени во нивната земја и ја презедоа иницијативата.
Во голем дел од првото полувреме „црвено-црните“ имаа 3-4 гола предност, а во 25. минута водството достигна до +5 (14-9). На одмор скопскиот тим замина со 17-12, позитива која овозможи помирно продолжение од мечот.
Во вториот дел Вардар уфрли во поголема брзина, па во 42. минута имаше огромни 10 голови предност (27-17).
Шпанецот на клупата на македонскиот шампион, Писонеро реши да ротира во составот, а тоа придонесе до мало опуштање кое Ал Мадхар го искористи за на крајот да го намали резултатот: Конечни Вардар 34 - Ал Мадхр 27.
Прв стрелец кај нашиот првак беше Тимур Дибиров со 6 погодоци, а Чупиќ и Дисингер дадоа по 5. Во противничкиот состав Џазири беше најдобар играч со шест гола.
Добар настап имаше и новиот голман на Вардар Артурс Кугис со осум одбрани само во првиот дел.
Утре од 16:20 Вардарци ги чека мегдан против гигантот Кил во полуфиналето. Германскиот тим во 1/4 финале го победи египетскиот претставник, и шампион на Африка Ел Замалек со 32-28. Во другото полуфинале, Барселона од 19 часот ќе игра за пласман во финалето против Ал Вехда.