Писмо на читатели од Севиља

Во пресрет на Светското ракометно првенство во Шпанија, навивачите кои ќе отпатуваат во Севиља да ја бодрат нашата репрезентација ќе можат да се информираат на веб порталот www.osvoijasevilja.com за разни информации поврзани со градот.

Ти пишувам од Севилја, каде што со моето семејство живееме веќе 4 години. Многу не израдува веста дека ракометната репрезентација на Македонија ќе ги игра натпреварите по групи токму во нашиот град, па со цел да им помогнеме на сите македонски навивачи кои ќе дојдат да ја бодрат репрезентацијата, ја создадовме страницата osvoijasevilja.com. Во рамките на нашите можности, се обидуваме да објавиме секакви информации во врска со градот: транспорт, исхрана, продавници, сместување, итн. Сега за сега има само неколку постови, се надевам дека секој ден нивниот број ќе се зголемува.

Моментално на интернет има голем број на страници за Севилја, но тие се на англиски или на шпански. Се надевам дека информацијата која што ја објавуваме таму ќе им помогне прво на оние навивачи кои не ги владеат ни еден од овие јазици, а исто така и на сите останати. Доколку не можат да најдат тоа што бараат, можат да ме контактираат на osvoijasevilja@gmail.com или на osvoijasevilla@gmail.com и ќе се обидам да одговорам најбрзо што можам.

Големи поздрави од Севилја,
Јосиф

9 јануари 2013 - 10:12