Современиот ракомет денес е брза игра со топка, атрактивни потези, голем број голови и удобни, комфорни арени.
А не така одамна, во младоста и детството на нашите дедовци и татковци било сосема поинаку. Натпреварите се играле и на големи фудбалски арени (ако не верувате, погледнете), каде можело слободно да се пуши цигари, а екипите едвај давале повеќе од 15-20 гола. И во тоа време во европскиот ракомет имало многу повеќе публика од денес: на пример во земјите од поранешниот советски сојуз денеска на ракомет во салите има околу 200 луѓе во просек, а во ’60-те години стадионите не биле баш празни.
Едно од „преживеаните“ видеа од тоа време: ноември 1962. година, Европски Куп меѓу Атлетико Мадрид и Бенфика Лисабон (13:6). Во салата Palacio de los Deportes во Мадрид имало 8.000 гледачи.
Ракометот брзо еволуирал: и во 1976. година веќе имал примеси на модерен спорт.
На Светското првенство 1970-та во финалето Романија и Германија одиграле атрактивен натпревар и покажале дека овој спорт има голем простор да се развива до ниво до какво што е денес: