Поранешниот квортер бек Џеј Катлер (36), кој помина 12 сезони во НФЛ и претежно го носеше дресот на Чикаго Беарс, пред неколку дена рекол дека на 36 години планира да почне да игра ракомет и да проба да ги однесе САД на Олимписки Игри.
„Да ви кажам, слушнав дека тој ракомет се играл и на Олимиски игри и мислам дека би бил добар во тој спорт. Се игра така со мала топка која што ја подаваш наоколу и после ја фрлаш во гол. Како фудбал во сала само што се игра со раце“, рекол Катлер во подкастот Pardon My Take.
PART 1: ⚠️ If you are a #handball fan and suffer from a heart condition please don't watch this ⚠️
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 31, 2020
We can't wait to see Jay Cutler throwing some missiles #purearmspeed #cuttingedgejournalism @Foxworth24
PART 2 below ⤵️ pic.twitter.com/QvgWCy0qQJ
„Колку играчи играат таму? Мислам дека ти, Леброн и Патрик Махомес (МВП на Суперболот пред некоја вечер), сами против кој било осум играчи од која било друга земја би освоиле злато“, му рекол водителот, а Катлер арогантно продолжил:
„Па, не, реално, погледнете го тој спорт. Сите тимови на гол ставаат некои стари ликови кои напамет креваат раце кога топката оди накај нив. Некогаш ќе ги погоди некогаш не. Морам да заиграм за нашата репрезентација“.
Part 2: We would love to have @Foxworth24 for a chat about this. pic.twitter.com/HyTKR8lPCR
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 31, 2020
Овие изјави ги пренесува емисијата на ЕСПН во која водителите влегуваат во дискусијата дали САД со Катлер и Леброн би можеле да освојат златен медал во ракомет на Олимпијада.
„Еве, дали сте слушнале некогаш некој 8-годишник да каже дека сака да игра ракомет? Сигурен сум дека тој спорт на Земјата некаде е многу популарен. Ама кој се занимава со ракомет? Оние кои не успеале во фудбал, во кошарка или во американски фудбал“, вели водителот од ЕСПН.
После неколку часа во расправата се вклучиле Лука Дончиќ и Никола Карабатиќ. Францускиот репрезентативец роден во Ниш му порачал на Катлер дека изгледа не гледале ракомет доволно и дека би им го дал олимпискиот златен медал ако го победат неговиот состав:
Hey Jay Cutler and @Foxworth24 , i don t think you have studied handball enough but i d be glad to give you my olympic gold medal if you beat my team. #handball @espn @HandballHour @PardonMyTake https://t.co/jX7ty245DQ
— NIKOLA KARABATIC (@NKARABATIC) February 1, 2020
А Лука Дончиќ, европскиот кошаркарски шампион со Словенија, кој будно ги следи сите репрезентации од неговата земја, вели:
no chance! people dont know how hard is to play handball🤷🏼♂️ https://t.co/SzJglTFpit
— Luka Doncic (@luka7doncic) February 5, 2020
Во коментарите по социјалните мрежи каде се пратела дискусијата, некои луѓе пробуваат да им објаснат на водителите дека ударите, ќотекот, штипењето и модриците кои се добиваат во ракомет се многу потешки од рагбито или ватерполото.
„Оптеретени се сите зглобови, удари се примаат по цело тело, падовите се полоши отколку тачдаун, нокаут добиваш само од удар со топка во тело а камоли во глава“, вели еден од учесниците во дискусијата.
Друг додава:
„Го сакам ракометот и знам колку е тежок и захтевен спорт. Од друга страна, бејзбол е убедливо најдосаден спорт кој сум пробал да го гледам во живот. Поинтересно е дури и гледање маратон или едрење, а кај Американците полни се стадионите на бејзбол натпреварите. Треба да се прифатат разлики а не да се исмева“.