Како помина Суперболот, најголемиот спортски настан во Америка

Овогодинешниот Супербол, 54. издание по ред, се играше на „Хард Рок“ стадионот во Мајами а титулата ја освои Канзас Сити Чифс кој во финалето со 31:20 го совлада Сан Франциско Фортинајнерс.

Мечот, како ретко досега беше сосема непредвидлив и израмнет. Екипите играа сјајна одбрана на двете страни, а првите три поени на Најнерси им ги донесе ветеранот Роби Гоулд (37).

Откако почна да пршти и на двете страни, својата класа ја покажа Патрик Махомес кој го направи првиот тачдаун на Супербол 54.

После првите половина час американски фудбал резултатот беше 10:10, а на паузата Супрболот го разубавеа најголемите светски поп ѕвезди Џеј Ло и Шакира. Интересно, традиционалното пеење на химната пред почетокот на мечот ѝ беше доверено на суперѕвездата Деми Ловато која пред 10 години сонувала вакво нешто.

Стартот на второто полувреме беше во знакот на Фортинајнерс кои успеаа да се одлепат со шут за три поени (13:10). Следуваше фантастична серија на Џими Гарополо и Мостарт кои со нов тачдаун направија 10 поени разлика (20:10), а од тој момент Сан Франциско Фортинајнерс почна да го арчи времето.

Момците на Енди Рид решија да тргнат на се или ништо и на преку 65.000 гледачи им приредија шоу за незаборав.

Во четвртата четвртина Канзас Сити Чифс имаа 21 поен во серија! Махоумс играше неверојатно, а најголема поддршка имаше во Тајрик Хил кои го вратија Канзас на 20:17.

Чифси ја зацврстија и дефанзивата а на друга страна гаѓаа речиси се, така што на спектакуларен начин после цели 50 години го освоија Суперболот - 31:20.

Ова беше трето финале на НФЛ за Кајзер Чифс кои сега имаат 2 титули. Во 1967-ма година изгубиле од Грин Беј, а од 1970-та им датираше единствената шампионска титула. До синоќа кога израдуваа илјадници свои навивачи со нов шампионски пехар.

Годинава Канзас играше сериозна сезона, го освои второто место во Американската фудбалска конференција и одигра сјаен плејоф. И покрај тоа што имаа серија без победа пред Суперболот, Канзас беа благ фаворит во дуелот за титулата.

МВП и најдобар играч на мечот беше 24-годишниот квотербек Патрик Махоумс кој им ги донесе пресвртот и титулата.

Махоумс стана вториот најмлад квотербек во историјата кој освоил Супербол и станал МВП. Рекордот и натаму го држи Бен Ротлисбергер кој во 2006-та година стана шампион со Питсбург а 6 месеци е помлад од Махоумс.

Интересно, во 2013-та година Патрик Махомес твитнал: „Се кладам дека е најјако да си квотербек кој вика „Одам во Дизни светот“ по освојување на Супербол“.

Тренерот на новиот шампион Канзас Чифс, Енди Рид е уште еден голем јунак на Суперболот. Тој се наоѓа на 6. место на листата тренери со најмногу победи во историјата на НФЛ, но досега не освоил шампионска титула како главен тренер. Во 1997 година кога Грин Беј станаа прваци тој бил помошен тренер.

 

За Суперболот да изгледа уште посјајно и да добие латино-американски шмек се погрижија Џенифер Лопез и Шакира кои настапија на паузата

Двете пејачки ја менуваа својата гардероба при секое излегување на сцената, а најинтересно изгледаше моментот кога Џеј Ло се појави во кожна варијанта за која дизајнерите нашле инспирација во моторџиската верзија на Марлон Брандо:

Во еден момент Џеј Ло се појави на сцена и со знамето на САД а од друга страна беше претставено државното знаме на Порторико. Заедно со неа на сцената се појави и ќерка и Ема која пееше со Џенифер.

Интересно, Суперболот се погодил со роденденот на Жерар Пике, вице-капитенот на Барселона и сопруг на Шакира која настапот на најголемото шоу во САД го нарекла најдобар подарок за Пике.

И да не забораваме, Џеј Ло има 50 а Шакира 43 години.

Повеќе околу рекламите на Супербоул