Како и многу други гледачи, така и една девојка од страна држеше плакат со натпис Allez Omi/Opi (германски израз на нежност кон дедо и баба).
Девојката во еден момент реши да се симне на самиот пат за да се слика додека велосипедистите проаѓаат и да влезе во кадар на камерите кои вршеа пренос.
Ама Германецот Тони Мартин не успеа да ја избегне и падна, а неговиот пад испровоцира страшна верижна реакција зад него: десетина велосипедисти паднаа, а се спасија само оние кои во моментот беа пред Мартин.
„Ја видов како излезе со банерот но немав ни место ни време да ја избегнам. Каква глупост. Имам повреди ама мислам дека ќе го продолжам Тур де Франц“, изјави Тони кој прв падна поради девојката во 25 минута од првата етапа. Дури 21 учесник побарал итна медицинска помош. Имало и потешко повредени. Марк Солер кој заврши последен на првата етапа имал неколку сериозни скршеници на двете раце.
in an attempt to get a cardboard sign on tv, a spectator has taken out the entire peloton - maddening #TourDeFrance2021
— Rob Ralston (@PolicyRelevant) June 26, 2021
pic.twitter.com/CM0x0ZKvS3