Скарпони загинал во сообраќајна несреќа откако на него налетало комбе чијшто возач бил познаник на татко му. Несреќата во која Скарпони загинал на лице место се случила рано наутро во саботата на 2км од неговиот дом. Италијанскиот велосипедист зад себе оставил жена и две деца.
Скарпони важел за еден од најзабавните, највесели велосипедисти на Тур. Неговиот сонародник шампионот Винченцо Нибали и Шпанецот Алехандро Валверде после победата на неделната трка не можеле да ги сокријат солзите во интервјуто. Валверде изјавил дека победата ја посветува на семејството на Скарпони.
Генералниот менаџер на тимот Астана за кој во последната година возеше токму Скарпони, Александар Винокуров се расплакал во време на интервјуто за Евроспорт.
На Твитер, Микеле Скарпони често постирал видеа од своите тренинзи на кои до него стоеше Френки - папагалот кој често стоеше врз кацигата на Микеле или на неговото раме. На едно такво видео папагалот седи на ретровизорот од автомобилот кој го вози Скарпони.
FRANKJE!!!!!!✌️😝🕊💨 pic.twitter.com/ezaAWuhyX8
— Michele Scarponi (@MicheleScarponi) April 17, 2016
...non solo in bici 🚴...grande Frankje 😅🔝👍...anche in macchina 🚗👌 pic.twitter.com/H595q2yFIc
— Michele Scarponi (@MicheleScarponi) March 2, 2017
...ancora in compagnia di Frankje😳😉 pic.twitter.com/1tU7fRtx9a
— Michele Scarponi (@MicheleScarponi) January 27, 2016
Во неделата, ден после трагичната несреќа во која италијанскиот велосипедист загина, папагалот Френки слетал на местото на сообраќајката каде има поставено свежо цвеќе во спомен на Скарпони.
Не е познато дали Френки слетал сам на местото или го донел некој од жителите на малото градче во централна Италија, но сликата беше убава и истовремено тажна. Изгледаше како папагалот уште да чека да се појави неговиот пријател со велосипедот или пак да се прости со него.