Таг: велосипедизам

Бунт против "велосипедските талибанци"

Лондонски возачи на автомобили од сите религии и раси започнаа протест против планот од 38 милиони евра кој сериозно ќе ја подобри велосипедската инфраструктура во градот, на сметка на постојната автомобилска инфраструктура.

Велосипедска трка со пречки

Разнесувач на пица ли е? Џандар ли е? Или веројатно пратња на некој од велосипедистите. Кој и да е, ако не му се верува каква хаварија направил што застанал таму како споменик, ќе се потсети кога ќе види видео.

Ветер што може, никој не може

Третата стаза од Волта а Ла Марина трката во Шпанија заврши уште пред да почне. Причина: Урагански ветер не им дозволи на 153 велосипедисти да возат по зоната Тера Митика и после сите напори трката се одложи.

Како да возиш точак (во Амстердам)?

Една од сериозните заблуди околу желбата сите да возиме точаци, е дека кога ќе ги поразиме возачите на коли / мотори и ќе добиеме наша лента, ќе можеме што сакаме да правиме на точак и ќе живееме во една прекрасна хипи комуна на две тркала во која во сообраќајот ќе се шири само љубов. Секој што развил тикови кога пробал на точак да го разгледува Амстердам или Копенхаген, ќе ви каже дека тоа не е ни приближно така анархично и лесно. Холанѓанецов ќе ве запознае со основните велосипедски правила за Амстердам.

Минхен сака аутобан за точаци

Намерата на локалните активисти е да натераат што е можно повеќе луѓе да возат велосипед наместо автомобил, а според нив ова најуспешно ќе се оствари ако низ градот распостелат велосипедски автопат.

Како Гронинген стана пример за велосипедски град

Кон средина на 70-те, додека останатите градови ги рушат старите населби за да прошират улиците, Гронинген воведува еднонасочен режим за улиците низ центарот. 40 години подоцна, две третини од целиот превоз на луѓе е со велосипеди, а Гронинген е го има најчистиот воздух во споредба со кој било холандски град.

Влажниот сон на секој велосипедист

Нема еден човек што вози точак низ градов, кој барем еднаш не се умислил како крева некоја кола комплетно без памет, осет, разум, култура, паркирана сред велосипедска патека. За разлика од нас, дечково остварува.

Две држави, един проблем

Комшиски добра вест за сеир: цел интернет им се смее на Бугарите за тоа колку им се бескорисни новите велосипедски патеки (за кои добиле пари од ЕУ). Самопоразувачка лоша вест: подобри им се од нашите.

Велосипедскиот град на светот

Од 190.000 жители на Гронинген, на над 50% главно превозно средство им се велосипедите. И покрај тоа што и понатаму на сила се мерките за поттикнување на возење точак, тие ова повеќе не го гледаат како обврска, туку како навика.

Маката на Амстердам со велосипеди

Велосипедската мека и официјално има премногу велосипеди а (веќе) премалку слободен простор каде би можеле истите да се паркираат. Ова не значи дека ќе се откажат од велосипеди, туку дека ќе копаат паркинзи под вода.

Лондон точак ти ќе бидеш

Со голема поддршка од градоначалникот, Борис Џонсон, градските власти го прифатија предлогот за велосипедски автопат со должина од 29 километри, што ќе минува низ цел Лондон.

Најпознатите инциденти во велосипедизмот

Иако важи за пристоен спорт, велосипедизмот често нудел и тепачки во кои главни актери се самите тркачи меѓу себе а неретко се гибаат и со публиката.

Ќарот на додавање велосипедска лента

Во случајов, велосипедска лента е една од лентите на булевар, која е сосема оградена од останатиот сообраќај со уште една заштитна лента. И по официјални њујоршки искуства сето ова функционира и има ќар по основа на (сечија) безбедност и брзина.

Велосипедисти што мислат на физика

Спринтерските трки во велодромски велосипедизам не се базираат само на тоа кои ќе извози побрзо. Се возат три круга, од кои во првите два има повеќе тактика, успорување и меѓусебно меркање. Борбата за второто место се до последниот спринт најмногу е заради законите на физика, аеродинамика, отпор на воздух и слично. Еве како изгледа кога двајца велосипедисти се надмудруваат кој ќе биде поспор.

Избран најградскиот велосипед

Американски дизајнерски студија (за индустриски дизајн), се поврзаа со американски производители на велосипеди и изработија неколку концепти за следниот модел на урбан велосипед. Публиката со гласање требаше да избере кој модел ќе почне масовно да се произведува. Тие се решија за "Denny."

Зошто на угорнина мускулите прават зијан

Додека уште се во низината, спринтерите ги предводат своите тимовите на Тур Д'Франс. Во моментот кога ќе дојде планинската фаза, велосипедистите со поголеми мускули одат во втор план и на чело избиваат коска и кожа возачите. Зошто така?

Што е со кацигите за точак, и зошто не треба да напнувате со нив

Прво, носење кацига на точак само ги одбива луѓето од користењето велосипед. Второ, возењето велосипед не е посебно опасна форма на транспорт во смисла на повреди на глава. Трето, иако кацигите помагаат во случај на несреќа, тие во исто време ги зголемуваат шансите да се најдеш во несреќа.

Велосипедистот кој го одбил патот на Армстронг

Славата и парите не претставуваат магнет за сите талентирани спортисти. Таков е случајот со овој Американец кој ја претставувал својата земја на Олимписки игри, имал предиспозиции за врвна кариера, но по една средба со својот доктор се разочарал и се повлекол од велосипедизмот.

Светски шампион во велосипедизам користел допинг

Италијанскиот Олимписки комитет му одреди две годишна казна на Алесандро Балан.

Ѓаволот на Тур де Франс

Дури и да немате изгледано ниту една етапа на било која велосипедска трка, сигурно некаде сте налетале на слика од брадест ѓавол како скока околу велоспедистите. Тоа е Диди Сенфт, еден од најпознатите спортски фанови на планетата и неофицијалан маскот на Тур де Франс.

Кевендиш обвинет за контроверзниот судар на целта

Марк Кевендиш може да биде во неволја ако биде потврдена неговата вина за сударот пред целта на 10-та етапа на Тур де Франс. Победник на етапата беше Марсел Кител, а во сударот настрада неговиот тимски колега Том Велерс.