Иако повеќе муслкули значи повеќе сила за вртење на педалите, ова не е точно кога во равенката ќе се додаде и угорнина. Според Паоло Менаспа, психологот и тренер по велосипедизам од Австралискиот институт за спорт, клучен фактор во целата работа е БМИ (индексот на телесна маса).
Менаспа објаснува дека единствена заедничка карактеристика кај велосипедистите качувачи (за планинските трки) е 20-ка БМИ, додека кај спринтерите БМИ-то се движи околу 22 - 23. Односно овие вторите имаат повеќе од потребната килажа и тоа најчесто заради вишокот мускули кои им го овозможуваат спринтот.
Како што мускулите се важни за спринтот, така ниското БМИ е важно за искачувањето.
"На рамен пат, главен отпор ти дава аеродинамиката, па колку повеќе сила тие можат да употребат, толку полесно ќе ја совладаат аеродинамиката и толку побрзо ќе возат. Колку е поголем мускулот, толку е поголема максималната сила што тој може да ја произведе. Тоа не мора да значи дека ова е одржлива сила, бидејќи големите мускули се подобри во експлозивност на кратки патеки.
Во моментот когаш ќе почне да се зголемува нагорнината за околу 5 или повеќе проценти, тогаш гравитацијата станува главниот противник, а големиот мускул е пречка," објаснува тренерот и професор во Британската велосипедска федерација, др. Енди Киркланд, според кој мускулот не може да произведе доволно сила за да компензира за неговата тежината при зголемена гравитација.