Што е со кацигите за точак, и зошто не треба да напнувате со нив

Прво, носење кацига на точак само ги одбива луѓето од користењето велосипед. Второ, возењето велосипед не е посебно опасна форма на транспорт во смисла на повреди на глава. Трето, иако кацигите помагаат во случај на несреќа, тие во исто време ги зголемуваат шансите да се најдеш во несреќа.

Едно до главните прашања е зошто и од пешаците и возачите не се бара задолжително носење кациги, туку ова важи само за велосипедистите. Во 90-те, Австралија собира податоци околу бројот на повреди на глава кај пешаци, велосипедисти и возачи (ова е пред воведување на задолжителното носење кациги за луѓето на точак). Резултатите се дека велосипедизмот е само за нијанса поопасен од другите две активности за кои не се бара кацига. Слични податоци има и од Британија, Франција и Данска.

"Она за што се во право поборниците е дека во сериозни несреќи, носењето кациги значително ги намалува шансите од повреда на главата од 15 до 40 проценти.

Ова е само дел од приказната, овие податоци ги опфаќаат само несреќите кои завршиле со одење во болница.

Порелевантно прашање е како користењето кациги влијае на вкупниот број на повредите на глава и стапката на несреќи.

... Неодамнешна анализа на 66.716 канадски велосипедисти под 18 години ја споредува стапката на повреди во провинциите со закони за задолжително носење кацига, споредено со оние без вакви правила. Резултатите? И во двете групи, повредите на глава бележат пад во изминатите 20 години. Со тоа што во првата група, бројката е за нијанса поголема," се објаснува во анализата на Vox.com.

Дополнително, задолжителното носење кациги секаде до сега предизвикало намалување на бројот на луѓе што користат велоспиеди. Без разлика кога и да се воведе ваквото правило.

"Па, дали треба да носам кацига кога возам точак.

Ако претпочиташ да носиш, слободно.

Ама, ова е аргумент зошто не треба да се чувстуваш виновен ако не сакаш да носиш кацига. И ова е уште посилен аргумент против законит за задолжително носење кациги...

Да престанеме да размислуваме за кацигите како критина заштита од ризичната активност на возење точак. Ајде да почнеме да размилслува за велосипедизмот како нормална, безбедна активност, како пешачењето - а за кацигите како незадолжителен додаток за луѓето кои навистина сакаат да го имаат," пишува Џозеф Стромберг за Вокс.

17 мај 2014 - 14:25