Скот Мерсиер можеби не ви значи ништо во светот на спортот, но тој може да претставува одличен пример како да се зачува достоинството и фер плејот. Додека неговиот славен колега стигна до врвот, а денеска го носи епитетот како еден од најголемите измамници во спортот, Мерсер решил да спие мирно.
Заедно со Ленс Амстронг членувал во тимот на Us Postal, а во мај 1997 година имал средба со шпанскиот доктор Педро Селаја по која решил да и стави крај на кариерата.
„Не повика сите членови на тимот во хотелска соба каде влегувавме еден по еден. Извади торба со зелени апчиња и неколку течности. Ми даде и 17 дневен распоред за тренирање каде за секој ден имаше одбележано точка или ѕвезда. Точката претставуваше апче, а ѕвездата инјекција. Ми рече дека тоа биле стероиди со кој ќе бидам посилен, а доколку ме прашаат што се да речам Б витамини.
„По таа средба решив да не бидам повеќе велосипедист. Го сакам многу овој спорт, но не можам да се натпреварувам, а истовремено да погледнам некого во очи и да му кажам дека сум чист, кога не сум. Луѓето зборуваат за водење здрав живот, но за мене уште поголем проблем е лагата“, вели Мерсиер.
Покрај Амстронг, Меѓународната велосипедистичка унија санкционираше уште петмина членови на тимот, меѓу кои и шпанскиот доктор Педро Селаја кој беше дополнително обвинет на суд во големата допинг афера. Но Мерсер се повлече навреме и влезе во други води.
По завршувањето на спортската кариера отворил ресторан на Хаваите заедно со татко му, а потоа се преселил во Колорадо каде станал финансиски советник. Таму тренира неговиот поранешен колега кој си го извалка името и кој му пишал на Твитер за да возат заедно.
Откако пред долги години тргнаа по сосема различен пат Амстронг и Мерсиер се најдоа на падините во Аспен, Колорадо каде си го обновија пријателството и каде заедно ја одржуваат физичката форма.
Двајцата велосипедисти имаат сосема различно минато. Мерсиер на сликата со седумкратниот освојувач на Тур де Франс, Џорџ Хинкепи носи опрема со натпис „чисто возење“, а Амстронг кој не ја испочитува тоа парола остана без ниту еден трофеј.