Италијанскиот велосипедист кој во 2008 година се искачи на врвот, нема да има право да се натпреварува се до 16 јануари 2016 година откако судот за антидопинг при Италијанскиот Олимписки комитет го суспендираше на две години.
Покрај 34 годишниот велосипедист кој ќе треба да плати и парична казна од 2.000 евра настрадаа и двајца доктори, едниот со суспензија до 2018 година, а другиот доживотно.
Случајот е од 2009 година за трка која се одвивала во Монтикјари, а на судското рочиште тој се бранел со тезата дека користел забранети лекови за да се излечи од болест.
Поранешниот светски шампион веќе се соочи со едно обвинување за допинг во 2010 година, но во тој случај беше чист и му беше дозволено да се натпреварува.