Новиот паркинг ќе биде делумно сместен под Еј, некогашниот залив а сега езеро, и ќе има капацитет за паркирање на 7.000 велосипеди. Идејата е до 2030-та да се направат 21.500 нови места за велосипеди во градот, поточно околу главната метро станица. Плус на ова се предвидени и околу 2.000 места на пловечки паркинзи.
Моментално околу 57% од жителите на Амстердам секој ден користат велосипеди, а 43% од нив на работа и назад одат со велосипед. За ваквата бројност на велосипедисти помага и тоа што теренот во е рамен (имаме), градот е компактен (имаме) и има издвоени патеки за велосипеди заради што возењето е прилично безбедно (немаме).
Проблемот е што да се прави со велосипедите кога ќе пристигнат во центарот на градот, конкретно со погрешното паркирање. Во 2013-та градот мораше да отстрани 73.000 велосипеди од улиците заради погрешно паркирање. Ова градот го чини од 50 до 70 евра по велосипед, а сопствениците плаќаат само 10-12 евра за да го подигнат запленетиот велосипед.
Градот може да ја крене цената, ама тука проблемот е што Амстердам е преплавен со евтини користени велосипеди, па на човек повеќе ќе му се исплати да купи на старо отколку да ја плаќа казната. Од овие позиции, властите решаваат дека е поевтино да понудат повеќе паркинг места.