Моделот Denny ќе го изработува Fuji Bikes и ќе биде достапен од 2015-та.
Велосипедот има рачки кои комплетно се вадат и можат да послужат за заклучување и мини-електро мотор кој помага во вртењето на педали (на пример на угорница), меѓутоа не работи без да вртите.
Од останати технички додатоци, во него има вграден автоматски менувач на брзини, комплет сијалици сосе жмигавци, и мини акумулатор кој може да се менува.
Дизајнерите имаат работено и на регуларните делови на велосипедот, па тој доаѓа со минималистички браници (поточно едно перце кое треба да ја врши работата на цел браник) и преден "багажник."
Цената се уште не е утврдена.
Еве го Denny (by TEAGUE X + Sizemore):
Ова се останатите модели од конкурсот:
The BLACKLINE (by MNML + Method)
MERGE (by Pensa + Horse Cycles)
SOLID (by INDUSTRY + Ti Cycles)
EVO (by HUGE Design + 4130 Cycle Works)