Неколку клучни работи од нивното искуство:
- нема да добиеш велосипедска револуција само со изградба на патеки, или само паркинзи, или изнајмување, ти треба се'.
- направи се' да е потешко и подалеку со кола. Прво ќе ти се бунат, ама со тек на време ќе им пројде.
- кога ќе го направиш, ќе го направиш како што треба (многу е полесно да израмниш пристап до тротоар на ниво на улица, отколку да те пцујат на секое качување и симнување од него).
- ќе треба и одржување на инфраструктурата, ама како што одржуваш за автомобили, така ќе ја одржуваш и инфраструктурата за велосипеди.
- "...во Холандија растеш со точак, уште на 3 години знаеш да возиш точак..."
- треба време, ова што го имаат сега го почнале во 1972-ра, кога левичарската локална власт ја започнува велосипедската култура во градот.
- не само што нема загадување, туку нема ниту галама.