Ценовникот што го нуди рекламната агенција Мејк колектив е 5 долари на ден за доаѓање на работа со точак, а ако ова го тераш повеќе од половина година надоместокот се качува на 10 долари на ден. Затоа што математиката потсвесно веќе ви е готова, не мора да ви ја сумираме потенцијалната заработувачка.
Логиката зад субвенциите е дека вработените ем ќе дојдат веќе размрдани на работа, ем ќе им се брои како физичка активност, а и ќе помогнат во намалување на загадувањето.
Првично дел од вработените не биле воодушевени од понудата, главно затоа што немаат каде да се истушираат кога ќе пристигнат, меѓутоа ова брзо им поминало кога ги пресметале парите што би можеле да ги заработат.
Важно е да се знае и дека не се работи за некој конгломерат од компанија со неброени вработени, туку за агенција која брои вкупно 6 луѓе. Од овие 6, петмина ја прифатиле понудата, со што речиси комплетно е решен проблемот со небањањето.
Парите ќе бидат дадени од профитот на компанијата, и се исплаќаат на крај од година како бонус.
Компанијата доаѓа од градот Крајстчрч, кој има најголем број велосипедисти во Нов Зеланд. Моментално во големата реконструкција што се случува во градот речиси 88 милиони евра се одделени за велосипедската програма.