Системот на Кампањоло има четири запчаници и е само за едно скалило поедноставен отколку да вадиш цело тркало сред трка, но и покрај тоа не им е по мерак на „пуританците“ па основачот на Тур Д Франс порачува дека сепак брзини се за „постари од 45-години“ а мажите треба да продолжат да ја возат трката со една брзина како и до тогаш, бидејќи и онака веќе се станати мекуши.
Како и денес така и тогаш, Тур де Франс е вози по неверојатни угорници по француските планини, меѓутоа со велосипеди направени од челик и со две брзини.
*** Текстот е целосната вест за појавата на механизмот на Кампањоло од почетокот на 1940-те.
Видете тука, ова е Џино Бартали, големиот шампион на велосипедските трки, кој е на пат да ја освои годишната Тур Д Франс велосипедска трка. За Бартали успехот во велосипедизмот не е ништо ново, откако победи во една друга варварска француска трка во 1937. Неговата способност за искачување не треба никого да алармира. Всушност, обрнете внимание кон задното тркало на Бартали. Видете, нашите дописници од Европа ги ставија своите очила и на италијанскиот тркачки велосипед идентификуваа механички помогнат механизам за менување ланец и запчаник со неверојатни четири запчаници.
Дали е ова само случај на подла далавера, или вистинско унапредување на фиксниот запчаник?
Извори од лице место утврдија дека механизмот е изум на поранешниот велосипедист Тулио Кампањоло. Г-дин Кампањоло е славен во велосипедски кругови, откако го измисли механизмот за брзо вадење на гумата, создавајќи побрзо и поедноставно вадење на гумата отколку што претходно беше возможно со мутерите. Истите извори кажуваат дека Кампањоло прв пат го патентира овој механизам неколку години претходно под името „Cambio Corsa“ или „тркачки менувач“, меѓутоа војната само го забави неговиот марш кон успех во натпреварувањата.
Исто така излегоа слики од шампионот над шампионите, Фаусто Копи, како се трка на Џиро Д'Италија користејќи го истиот механизам за брзини со успешен резултат.
Ги направивме овие фотографии од велосипедот на Копи на неодамнешната автомобилска изложба. Новиот систем за два пати ги зголемува достапните запчаници и повеќе нема потреба велосипедистот да го вади тркалото за да ја смени брзината, со што го претвори во технолошки диносаурус досегашниот систем на задно тркало со два запчаника на спротивните страни.
Првичните знаци покажуваат дека крајно комплексниот и до некаде контроверзен систем е составен од две полуги монтирани на задниот дел од рамката. Подолгата од овие полуги управува со системот за брзо ослободување на задното тркало. Пократката полуга го води ланецот низ револуционерниот збир од четири запчаници на задното тркало.
И тоа не е сè народе, и оската на задното тркало и рамката на велосипедот треба да имаат адаптиран дизајн со запци на двете точки за стегање на тркалото за да го овозможат префрлањето на задното тркало и одржување на затегнатост на ланецот.
Начинот на функционирање на системот е доволен за секого да го направи нервозен. Велосипедистот прво треба да посегне наназад, кон полугите, превиткувајќи се како перек, за да ја подигне рачката за брзо ослободување што ќе му дозволи на тркалото само да се движи напред или назад. Потоа тој мора да се наведне уште малку за да ја дофати помалата рачка што ќе го премести ланецот од еден запчаник на друг. И тука работите стануваат комплицирани. Истовремено, велосипедистот мора да вози напред за да го премести ланецот од сегашниот на следниот / претходниот запчаник. Потоа тој кочи за да ја намести оската на потребниот забец и да одржи затегнатост на ланецот. На крај тој мора да ја затвори полугата за брзо ослободување и така да го стегне тркалото. Сето ова се случува дур вртиш педали со неверојатна брзина. Тоа звучи како дистракција од ѓавол и алкохол истовремено!
Без разлика на комплексноста на системот, тој е вистинско чудо на модерниот инженеринг и увид во фантастичниот мозок на г-дин Кампањоло.
Овие двајца големи италијански велосипедисти не се бунат. И двајцата уживаат во монументалните успеси и редат награди. И ова во голем дел благодарејќи, има и такви што нема да се согласат, на овој т.нр. Камбио Корса механизам на брзини.
Може ќе се зачудите „што е проблемот“? Прашајте некој обожавател на овој нехуман спорт за нивните мисли околу таков систем и ќе завршите со слушање на предавање. Видете, има луѓе кои ја ставаат под знак прашање потребата од толку многу запчаници и како тие би можеле да го направат овој величествен спорт премногу лесен со дуплирање на запчаниците. „Што е следно? 5, 6, 7 брзини? Тоа е лудост!“ ни изјави еден гледач. „Италијанците имаат механичка предност,“ се жалеше еден фан.
Самиот основач на Тур Де Франс настанот, Анри Дегранж, презираа таква технологија. „И понатаму верувам дека променливите брзини се за луѓе над 45-години,“ изјави тој. „Не ли е подобро да се триумфира со силата на твоите мускули отколку со умешноста на менувачот? Стануваме мекуши. Ајде другари.“
Публиката со посмирени предлози едноставно ја стави под прашање безбедноста и леснотијата на овој систем. „Човек не смее да ги помисли ужасите кога нечие задно тркало би испаднло од велосипедот,“ извикуваше еден гледач, додека друг се чудеше дали вниманието на возачот ќе биде целосно на патот пред него додека управува со таков комплексен систем и гледа наназад.
А тука е и прашањето на тежина. Со два пати повеќе запчаници и овие две рачки, секоја предност од овие екстра запчаници може да исчезне заради носењето на таква непотребна тежина по мачните планински патишта на Европа.
Други пак севкупно беа понаклонети кон новиот изум и се надеваа дека унапредувањата на системот за претстојната Париз-Рубе трка преку калдрмисани патишта на северот од Франција се точни.
Циници не очајувајте. Кампањоло вети дека новата Камбио Корса е полесна отколку стариот систем со вадење на тркалото. Дополнително, според нашите пресметки, ова е најнапреден што тркачки велосипед некогаш може да биде. Самата природа на 3,1 милиметарски широк запчаник значи дека четири е максималниот број што една осовина може да носи.
Дали ова ќе биде подемот за компанијата на Кампањоло, Кампањоло Бревети Интернационали или ќе гледаме во следните години парталковци како ги заложуваат? Само времето ќе каже.