41% од нашите екосистеми се на раб на колапс, предупредува истражување спроведено во САД. Сè повеќе животни и растенија што го одржуваат здравиот животен баланс на Земјата се во ризик од истребување, а без нив, и ние нема долго да издржиме.
За економистот на животната средина Паван Сухдев, поранешен високопозициониран банкар, кризата со коронавирусот уште повеќе ја нагласува потребата од драматична промена на нашата врска со природниот свет.
Субвенциите на ЕУ за користење пелети за добивање струја се дадени на Општиот суд на ЕУ по основа дека оваа мерка не го намалува туку го зголемува емитувањето на штетни гасови и ги оштетува шумите. Зад тужбата стои група истражувачи, активисти и земјопоседници кои бараат ЕУ да не може да дава субвенции за горење шуми (основната суровина за пелети).
Треба да се престане велосипедите да се продаваат на екологија и здрава животна средина. Ги возиме затоа што се забавни, здрави, евтини и практични - и затоа што ги нервираат луѓето што возат кола.