Таг: вог

Живот преку мода: Алекса Чанг

Британски Вог и една од неговите омилени.

Како се носеше Присила Присли

„Елвис“ почнува да се шета по платна ширум светот, ама Елвис не е тука да раскаже нешто за неговиот изглед низ годините. Затоа, Присила е.

Пикантерии за Ана Винтур од неавторизираната биографија

Модната новинарка Ејми Одел напиша книга за уредничката на Вог што излезе минатата недела и полна е со тајни и приказни за животот и кариерата на Ана Винтур.

Блејк Лајвли за своите највпечатливи модни комбинации

Вог претходно вака играше со Сара Џесика Паркер, која и тоа како има што да каже на тема нејзините највпечатливи модни комбинации. Но, тазе појавена после „Сексот и градот“, „Озборувачка“ ич не беше за потценување, па некои понови генерации ја добија - Блејк Лајвли.

Украина е модерна, Палестина изгледа не

Џиџи Хадид изрази подршка за Украина и Палестина. Вог го пренесе тоа, ама со „ситна“ измена - ја избриша Палестина од муабетот.

Сара Џесика Паркер дискутира животни модни комбинации

Некои работи едноставно не ги сфаќа, ама сме биле во таква ситуација: Наоѓаш слика од пред 20 години, со идиотски наочари, пластичен накит и панталони со чуден крој и не ти е јасно како е можно. И Сара Џесика Паркер така, ама нејзиното не е само пред локално диско, пред светот е.

Кејт Мос одговара 28 прашања

И тоа од славни роднини и пријатели.

Сеќавање на Андре Леон Тали

Тали беше американски моден новинар, стилист, креативен директор и editor-at-large на Вог. Од 1983 до 1987 бил уредник на модните вести, па прв црнец-креативен директор од 1988 до 1995 и на крај, editor-at-large од 1998 до 2013. Препознатлив по своите кафтани и екстравагантни комбинации, редовно беше во прв ред на сите важни ревии како еден од претставниците на Вог.

Одиме во вилата на Лагерфелд

И, затоа што го нема да нè пречека (читај: да ги пречека гостите од Вог), во негово име тоа го прави една од неговите најблиски пријателки, Леди Аманда Харлех, која со него има работено во Шанел од 1996.

Рутината на Урсула Корберо од Ла каса де папел

Наспроти грубата комплексност на нејзиниот лик од серијата, Урсула Корберо во приватен живот обрнува малку повеќе внимание на нега на кожа. Видеото е од серијалот на Вог каде што најзанимливите жени во светот споделуваат мудрости и цаки за кожа и шминка.

Што корист од „еколошки“ Вог?

За да покаже дека има осет за проблемите што моментално го преокупираат човештвото, италијански Вог го пушти своето најзелено издание до сега, за чие составување се потрошени најмалку можни ресурси.

Колку чини Вог без ниту една реклама

Септемвриското издание на Вог се смета за модна библија и е легендарно по бројот на реклами, за септември 2013-та 370 страни од магазинот ќе бидат одвоени за маркетинг. Ама годинава за прв пат ќе има и верзија без реклами. Ама ќе ве чини.

"Вог" воскреснување

Септемврискиот број на Вог е толку легендарен што се сними документарец за изданието од септември 2007-ма кое имаше 840 страни, од кои 727 беа со реклами. Изданието за септември 2012-та, има 916 страни.

Вог ќе дели сендвичи

Уредниците на сите 19 изданија на Вог низ светот ветија дека никогаш повеќе во своите списанија нема да објавуваат суви манекенки или модели помлади од 16 години.