Меѓу другото, раскажува како успеала инкогнито да си ја купи венчаницата, без разлика што се мажела за Кралот.
Ова е уште една епизода од оној прекрасен серијал на Вог, каде што фаци што се важни во моментот си ги коментираат модните комбинации во последните децении. Блејк Лајвли се коментираше себеси околу Мет Галата, а претходно, кога излезе „И едноставно така...“ беше Сара Џесика Паркер.
Во ‘60-те, огромна коса беше задолжителна, и Присила Присли ги владееше тие фризури. Овде на пример ја кажува и тајната зад тие осила што ги има на глава, а и интересно е да се дознае баш на која слика што на јавноста ѝ е позната, сакала да го изненади Елвис кога бил на снимање.
Еднаш, Синатра им го понудил неговиот авион - чисто за да патуваат мирно и со приватност.
По пат, секојдневни „тајни“ - Елвис не трпел „опуштено“ облекување. Има фотографија каде што се дотерани после свадбата, и Присила раскажува дека тоа му било и за по дома.
За споредба со денешново време, кога авионите се индиски воз, таа вели дека порано „да леташ беше важна работа“, па луѓето се дотерувале до претерување - кожни ракавици, кожна ташна, фризура, all that jazz.