Таг: елвис присли

Пејачката што го инспирирала Елвис Присли

Се викала сестра Розета Тарп и е една од многуте жени маргинализирани од музичката историја. Нејзиниот начин на свирење гитара и пеење госпел го трасирал патот за Елвис и за многумина други.

Како се носеше Присила Присли

„Елвис“ почнува да се шета по платна ширум светот, ама Елвис не е тука да раскаже нешто за неговиот изглед низ годините. Затоа, Присила е.

Кога Елвис Присли се вакцинираше на американската телевизија

Поранешните американски претседатели, Обама, Буш и Клинтон, ветија дека ќе се вакцинираат од Ковид-19 во живо, на телевизија. Кај нас музичари промовираат носење маски. Не е прв пат во историјата јавни личности да поддржуваат здравствени кампањи. Но ова не е гаранција за нивниот успех.

Elvis Presley // Unchained melody (во живо, 21 јуни 1977)

Снимката од изведбата на „Unchained melody“ од 42-годишниот Елвис е направена на концерт на два месеца пред неговата смрт. Само Елвис и пијано, цела останата постава е на тајм-аут.

„Елвис и Никсон“ (2016)

21 декември 1970. Елвис ненајавено се појавува на еден од влезовите на Белата куќа и бара прием кај претседателот. Историски, епизодата е автентична. Филмски, таа е многу симпатична.

На денешен ден не умре Елвис Присли

Да, попрецизно е Пресли наместо Присли ама така го имаме завикано. И да, попрецизно е да се каже дека на денешен во 1977 година Кралот умре, на 42 годишна возраст. Само што не ни се верува. 

Реинкарнацијата на Елвис

Има 16 години, и се вика Дејвид Тибаол, а не Елвис Присли, ама нема да ни верувате се додека не го чуете. Пуштете го некому без гледање и да видите што ќе ви каже кој е.

Дојде до остварување на средба

Судбина е она што може да проба да ги раздвои Ромео и Јулија или пак да спои, барем на кратко, луди комбинации од типот Никита Хрушчов - Мерилин Монро и Стив Џобс - Енди Ворхол. Орсон Велс седел до Адолф Хилер ама слабо се сеќава на него.