Одиме во вилата на Лагерфелд

И, затоа што го нема да нè пречека (читај: да ги пречека гостите од Вог), во негово име тоа го прави една од неговите најблиски пријателки, Леди Аманда Харлех, која со него има работено во Шанел од 1996.

И како што често бива, бисери од приказни се кријат во коментарите. Една вика вака:

„Работев две години со Карл и еден ден чекав дизајни што воопшто не се појавија, тимот се обидуваше да си најде работа, но Карл дојде со празни раце и доцна. Морав да му кажам, па седна, извади куп хартија и нацрта некои дваесет скици за неколку минути и ми ги подаваше една по една. Кога се загледав малку подолго во една, ми ја грабна, додаде неколку детали и забелешки од страна и рече воала, така треба да се скрои. Се разбираше во кроење и финиширање. Имаше одлична смисла за хмор. Една вечер, кога сите имаа дадено мислење за нешто, се сврте кон мене и ми рече „а ТИ што мислиш?“, па одговорив, „Карл, не сакаш да знаеш,“ се насмеа и рече, е па, ќути тогаш. Пробите беа секогаш начичкани со луѓе, по неколку познати манекенки и по некое куче, сметководителот, директорот на Елизабет Арден, на Вог. Можеше да се сконцентрира на пробите и покрај гужвата и да обезбеди дваесет фустани за една вечер, сите точни. Понекогаш си одевме во 2 наутро, среќа живеев преку реката и можев пешки. Беа тоа неверојатно добри проводи.“

Ја има и собата за скицирање, сите книги, реконструкцијата на неговата детска соба, сосе копија од слика на Адолф Мензел, лустер каков што немаме видено и други богатства:

 

30 декември 2021 - 00:02