
Ако не е покрај базенот во хотел, тогаш е на плажа - како и да е, желбата да си „резервираш“ лежалка со обичен пешкир или друг предмет не е ограничена само на нашиот народ и не е само по комшии.
Еден германски турист резервирал за неговото семејство 11 ноќевања во хотел на грчкиот остров Кос, што го чинело 8000 евра, но барем „вредело“ затоа што било „многу убаво“. И секое сабајле Германецот станувал и се обидувал да фати лежалка и никогаш немало слободна, па на крај децата седеле на пешкири на под. Нешто што ние веројатно би го баталиле, иако фрустрирани, него не му било право и се бунел во хотелот, од каде што на крај му вратиле дел од парите.
Не му било доста па во Германија ја тужел и агенцијата што го организирала патувањето. На крај, судот му доделил нешто помалку од 1200 евра, откако одлучил дека тур-операторот бил одговорен за „дефектот“. Сумата е еднаква на 15% од сумата платена за секој ден кога семејството немало лежалки.
Вие се спремате ли за лето?