Синот на Михајловиќ со тетоважа од епски натпревар на татко му

Николас Михајловиќ, има тетоважа на ногата од личен учинок на татко му, кој 28 години подоцна ниту еден друг фудбалер не успеал да го повтори.

Се работи за незаборавниот натпревар на Михајловиќ кој постигна хет-трик против Сампдорија ама од слободен удар. Уникатно достигнување тешко достижно и за врвните специјалисти на слободни.

Мечот Лацио - Сампдорија 5:2 се одигра на 13 декември 1998-ма, кога Николас не бил ниту роден, но затоа одлучил да го врежи јакиот момент на кожа.

На историскиот успех ќе се потсеќа преку насловната страница на Кориере дело Спорт:

„Михајловиќ ја казни Сампдорија. Српскиот дефанзивец сè поодлучен за Лацио. Првиот хет-трик на Синиша, волшебникот за слободни удари“.

Инаку Николас Михајловиќ е еден од трите синови на Синиша и тој не се занимава со фудбал. Спрскиот ас остави и две ќерки.

13 мај 2026 - 14:10